2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за правната регулатива и солвентноста на компаниите

Дебата за правната регулатива и солвентноста на компаниите

cekan pravo

Судии од одделите за трговски спорови и стечај, претставници на стопанските комори, од Нотарската комора на РМ, од Комората на извршители на РМ и од Адвокатската комора на РМ, денеска во Скопје дебатираат за „Влијанието на правната регулатива врз солвентноста на компаниите“.

На собирот, како што изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска се презентираат најновите измени на стечајното законодавство, на Законот за задолжница и на Законот за финансиска дисциплина со кои, како што посочи, треба да се забрза наплатувањето на побарувањето и да се обезбедат ефикасни судски постапки и правна сигурност на граѓаните.

Сојузот на стопански комори, како што рече Митко Алексовски, веќе неколку години наназад бара измени во Законот за стечај.

„Нашето барање беше стечајот да трае максимум 90 дена и да не се одолговлекува во судски лавиринти, бидејќи тоа не му користи на стопанството и на компании кои работат позитивно, туку нанесува штета“, изјави Алексовски.

Консултантот Дејан Костоски, кој е поранешен судија за стечај посочи дека со Законот за заклучување на стечајните постапки веќе за старите предмети кои траеја и по 18 години веќе имаат рок до кога може да завршат и која е постапката што треба да се спроведе.

„Тој Закон предвидува посебна постапка за легализација на имотот, што беше и најголема пречка, бидејќи продажбата на имотот не беше регулирана. Најголема новина во Законот е доколку не се продаде имотот тој да се подели меѓу доверителите“, рече Костоски.

Во контекст на тоа истакна дека со измените на Законот од 2013 година сите рокови за постапките се скратени до максимум.

„Сега се воведени нови рокови во парничните постапки, односно во кој рок треба да се завршат постапките. Во суштина се е направено нормативно постапката да заврши брзо“, нагласи Костоски.

Додаде дека во моментов намаат некои согледувања за резултатите од имплементацијата на законите, бидејќи периодот од нивната примена е краток.

Најголемиот проблем, како што рече Костоски, е врзувањето со времените мерки што ги носат кривичните судии за време на постапката, а со кои понекогаш се блокира стечајот.

Според Законот за стечај, како што рече, не може никој да донесе времена мерка и да запре стечајната постапка.

„Но имаме такви случаи во праксата каде што е изречена времена мерка од истражниот или од кривичниот судија и има забрана на продажба на имотот на должникот, а се гони органот на управување. Тука може да се направи некоја мала корекција“, истакна Костоски.

Собирот е организиран од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП