9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 навики кои лошо влијаат на вашиот организам

4 навики кои лошо влијаат на вашиот организам

chillieshotgrt5454y65

Како ќе работи вашиот метаболизам не зависи само од тоа што јадете и колку често вежбате, туку и од секојдневните навики, кои, наизглед, немаат никаква врска со телесната тежина. Кои се грешките кои ги правите?

Избегнувате луто

За да се чувствувате сити, јадете зачинета храна. Оние кои јадат луто и зачинето, јадат за 30 проценти помала количина храна од оние кои избегнуваат луто. Лутите пиперки се богати со капсаицин кој го забрзува метаболизмот, така што го контролира лачењето на хормоните кои го регулираат апетитот.

Многу седите

Дури и оние кои редовно вежбаат, имаат 74 проценти поголеми шанси да добијат метаболички синдром доколку дневно седат повеќе од три часа, кој се состои од низа различни фактори од добивање на дијабетис и срцеви заболувања, висок притисок и висок холестерол. Мускулите не мораат да се напрегаат, па со самото тоа согоруваат и помалку масти, а долгото седење може да доведе и до намалување на осетливоста на инсулинот.

Не го миете доволно зеленчукот и овошјето

Пред да гризнете јаболко, сетете се дали добро сте го измиле.Истражувањата неодамна утврдиле дека загадувачите на човечката околина, како што се пестицидите кои се користат за заштита на овошјето и зеленчукот, имаат врска со дебелеењето и метаболичкиот синдром.

Не ги миете рацете

Понекогаш ви се случува да не ги измиете рацете. Меѓутоа, постои врска помеѓу обичниот респираторен вирус наречен аденовирус-36 и дебелеењето, бидејќи вирусот ги претвара матичните во масни клетки. За да го намалите ризикот од вирусни инфекции, секогаш мијте ги рацете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП