18 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Шок диета - за 7 дена 5 кг помалку

ДИЕТА: Шок диета – за 7 дена 5 кг помалку

dieta-nastroeniya

Шок диетата се разликува од другите диети по тоа што е многу едноставна и за разлика од другите „брзи“ диети може да се држи повеќе од 3 дена без негативни последици. Самата диета е направена за 7 дена (менито е подоле ) и е избалансирана со добра комбинација на масти, протеини, јаглехидрати, минерали и витамини, што ќе го намали вашиот струк без да трпи вашето тело.

Суштината на шок диетата се состои во дневниот внес до 1000 – 1200 калории, поделен на 5 оброци и така цела седмица. Единствен услов за оваа диета е да имате доволно време кое не е преоптеретено со обврски туку во мирен ритам да може да се посветите на самите себе.

НАПОМЕНА: Ако имате било какви проблеми со ендокриниот систем, бубрезите или стомакот, тогаш заборавете на оваа диета како и на другите диети за интензивно намалување на телесната тежина.

Секој ден треба да конзумирате:

1. Витамини и минерали кои што телото ќе ги добива од овошјето и зеленчукот. Во текот на еден ден треба да јадете три вида од овие намирници. Свежо овошје и зеленчук треба да јадете помеѓу оброците а варено овошје и зеленчук да подготвувате за појадок , ручек и за вечера.

2. 100 гр растителни или животински протеини (риба, јајца, млечни производи, житарки, мешунки, тестенини, леб, јаткасти плодови).Кога сте на ваква диета на телото му требаат протеини затоа што го штитат од замор и губење на мускулната маса.

3. Мастите ја помагаат функцијата на мозокот и позитивно влијаат на кожата и косата. Во диета треба да користите растителни масла и тоа 3 – 5 супени лажици дневно во салатите.

4. Јаглехидратите ќе ги имате во 100 гр леб (лебот можете да го поделите на парчиња по 20 гр по оброк), 100 гр ориз или 100 гр компири или 100 гр тестенини. Јаглехидратите и скробот се исто така потребни затоа што тие се главен извор на енергија. Но белиот шеќер треба да биде потполно и засекогаш исклучен од употреба.

diets-main

Седумдневно мени за Шок диетата

 

Прв ден:

Појадок: Две чаши сок од портокал и три супени лажици варени мусли

Предпладневна ужина: јогурт со намалена масленост ( 2 дцл )

Ручек: 180 гр риба со 15 гр боранија и додадете 20 гр свеж леб

Попладневна ужина: Изедете едно јаболко

Вечера: 80 гр варени тестенини со сос од домати (50 гр) и варено јајце.

 

Втор ден:

Појадок: Чаша сок од боровница и парче свеж интегрален леб

Предпладневна ужина: Една круша

Ручек: Салата од два домата,100 гр зелка, лажица обарен грашок и лажица спанаќ на пареа. Зачинете со масло и додадете парче леб со сирење (20 гр).

Попладневна ужина: Јогурт (2 дцл)

Вечера: 80 гр шпагети со свеж зеленчук

 

Трет ден:

Појадок: Јогурт (2 дцл) со парче црн леб

Пред пладневна ужина: две до три киви

Ручек: 200 гр печена морска риба со варен зеленчук

Попладневна ужина: Коктел од млеко и овошје

Вечера: 70 гр ориз со 100 гр зеленчук

 

Четврти ден:

Појадок: Билен чај, тост и јаболко

Пред пладневна ужина: Јогурт (2 дцл)

Ручек: 100гр. шкампи или други морски плодови, 200 гр варен морков и боранија (50 гр)

Попладнева ужина: Едно јаболко

Вечера: 50 гр тестенини со зеленчук и 40 гр рендано сирење

 

Петти ден:

Појадок: Чаша обезмастено млеко со три супени лажици хељда

Претпладневна ужина: една круша

Ручек: 150гр. зелена салата со варено јајце и парче леб, половина јаболко и пет јатки ореви

Попладневна ужина: јогурт (2 дл)

Beчера: варени лигњи (или варен пилешки копан), 50 гр. ориз, да се додаде 150 гр. рендан свеж морков и 40 гр. сирење.

 

Шести ден:

Појадок: пасиран морков и чаша сурутка со неколку бисквити

Предпладневна ужина: коктел од млеко и овошје

Ручек: 150 гр. печено пилешко бело месо и салата од домати

Попладневна ужина: јогурт со намалена масленост (2 дл)

Вечера: 50 гр. варен ориз со 50 гр печурки

 

Седми ден:

Појадок: еден портокал, чаша овошен чај и два бисквити

Предпладневна ужина: сирење со намалена масленост

Ручек: супа од зеленчук

Попладневна ужина: сок од морков и лимон

Вечера: 60 гр. варен ориз, пржено јајце и 100 гр. спанаќ со парче црн леб

 

Физичка активност: Лесна прошетка 30 минути секој ден наутро и навечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП