Оваа детокс диета се спроведува кратко време, а природно ги чисти мастите и ја враќа енергијата.
Иако сите сме свесни дека витката летна фигура се гради преку целата година, повеќето од нас се потсетуваат на ова само кога треба да скокнеме во костим за капење или во нашата омилена летна облека. Можеме да постигнеме трајни резултати само со редовна здрава исхрана и физичка активност, но ако треба брзо да изгубите неколку килограми, популарната диета со портокал и јајца би можела да ви помогне.
Ова е еден вид тридневна детоксикација која природно ги намалува мастите и ја чисти кожата, и ветува губење до еден килограм дневно. Диетата, во која се откажуваме од јаглехидратите, е многу рестриктивна и не може да се следи долгорочно.
Пред да започнете со оваа или која било друга диета, потребно е да се консултирате со лекар или нутриционист.
Појадок
За време на оваа диета, првиот утрински оброк е секогаш ист: еден портокал (или една круша, праска, парче лубеница или диња), две парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер.
Прв ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт
Вечера: два домата или два децилитри доматно пире, 2 варени јајца, зелена салата или краставица и две парчиња двопек
Втор ден
Ручек: портокал, јајце, кисело млеко, две парчиња двопек
Вечера: 125 грама мелено говедско месо, еден домат или еден децилитар доматно пире, двопек, шолја чај или кафе
Трет ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко, мала глава зелена салата
Вечера: 125 грама мелено говедско месо, портокал, двопек, шолја кафе или чај



