21 февруари, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета за зајакнување на имунитетот

Диета за зајакнување на имунитетот

Нутриционистот д-р. Џоел Фрам смета дека човекот може да се заштити од десетици болести, само ако се храни правилно. Нутриционистот разви специјална диета за зајакнување на имунитетот.

Доктор Фрам вели дека неговата специјална програма треба да се спроведува во текот на 2 месеци, за да го зголемите имунитетот во периодот на настинките.

Освен што ќе го зајакне имунитетот, диетата на доктор Џоел Фрам ќе ви помогне и да ги исфрлите токсините од организмот.

Појадок – овесна каша во која ќе додадете семе од чија, семки од сончоглед и бобинки како боровинки и јагоди. Нутриционистот вели дека појадокот треба секогаш да биде топол.

Ручек – салата, приготвена од зелен лиснат зеленчук и домати. За ручек треба да консумирате варено или печено пилешко месо во мали количини.

Вечера – зеленчукова чорба, која е богата со најразлични зачини. Според нутриционист и вечерата секогаш треба да биде топла.

При изготвувањето на оваа диета доктор Џоел Фрам се потпира на 4 основни принципи.

1. Консумирање повеќе храна која е богата со витамини и минерали – тука спаѓаат зелените лиснати зеленчуци, домати, пиперки, јагоди, малини и боровинки.

2. Честа косумација на ореви, варива и семиња – благодарение на нив ќе ги исфрлите мастите и телото ќе го наполните со енергија.

3. Консумирање на мали количини месо – животинските производи стимулираат производството на хормонот IGF1, кој може да доведе до зголемено складирање на масти. Затоа, според нутриционист, месото треба да составува само 10% од вашето неделно мени.

4. Повеќе џвакање – последниот совет на доктор Фрам е секој залак да биде џвакан точно 25 пати пред да биде внесен во стомакот. Причината е тоа што при џвакањето се ослободуваат силни ензими кои ги штитат клетките, а со тоа и целиот организам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП