26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали трикови за полесно слабеење

Мали трикови за полесно слабеење

vagamerenje

Одберете ф’стаци

Истражувачите од Универзитетот на Источен Илиноис тврдат дека луѓето кои двапати неделно јадат ф’стаци имаат помалку шанси да се здебелат.

Научниците исто така откриле и дека луѓето кои јадат ф’стаци во лушпа и ги чистат, јадат за 50 проценти помала количина од оние кои ги јадат веќе излупени.

Исецкајте ја храната

Сецкањето на храната на помали залчиња ве успорува во јадењето и исто така ви дава впечаток дека сте изеле повеќе отколку што е навистина случајот.

Истражувачите од јапонскиот Центар за истражување на храната откриле дека луѓето биле уверени дека оброкот од месо и зеленчук исецкан на парчиња бил за 27 пати поголем од оној со иста количина, но сервиран во едно парче.

Направете брз маникир

Понекогаш мала занимација како маникир може да ви помогне да заборавите на желбата за грицкање дополнителни калории.

Направете брз маникир пред спиење затоа што со убави и сјајни нокти потешко ќе се одлучите да јадете, на пример, масен чипс, советува Дон Џексон Блатнер, портпарол на Американското здружение а здрава исхрана.

Мерете се редовно

Многу истражувања покажале дека секојдневното мерење на тежината може да помогне во губењето на килограми. Имено, луѓето кои секојдневно се мерат губат дури од пет до осум килограми повеќе за разлика од оние кои поретко се мерат.

Додадете ленено масло

Додадете го во овесната каша, во супата или во компирот. Дополнителните влакна ќе ви помогнат да се чувствувате сито, а на вашата исхрана ќе и додаде важни омега-3 масни киселини.

Облечете се во фармерки

Барем еден ден неделно појавете се на работа во неформално издание и облечете фармерки. Од Универзитетот Висконсин ни пристига интересно истражување според кое луѓето кои носат фармерки на работа пропешачуваат 491 чекор повеќе отколку оние кои се облечени деловно.

Измијте ги забите

Мијте ги забите веднаш по јадењето, па ќе бидете присилени да се откажете од вечерните грицки кои сте планирале да ги изедете гледајќи филм. Треба да се знае дека и мирисот и вкусот на ментол го намалува апетитот.

Допир на увото против глад

Следен пат кога ќе почувствувате желба за нова коцка чоколадо, со палецот и показалецот фатете се за уво. Не за ушната ресичка, туку за р’скавичниот дел кој се наоѓа на излезот на ушниот канал. Притискањето на таа точка на увото може да ја убие гладта, смета Дон Џексон Блатнер.

Сменете го местото на седење

Истражувањата покажуваат дека подебелите луѓе секогаш седат поблиску до храната, додека послабите седат подалеку од шведскиот стол.

Јавете се на пријател

Наместо за рачката од фрижидерот, фатете се за телефонот и утеха не барајте во храната, туку во вашиот пријател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП