петок, март 5, 2021
10 °c
Skopje
5 ° пет
2 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,368.48 -0.62%    GRNT 1,229.57 -0.5%    KMB 7,628.92 -2.3%    MPT 72,000.00 0.7%    RMDEN16 99.50 0%    RMDEN17 99.50 0%    RMDEN19 99.60 0%    TEL 324.98 -0.92%    ZPKO 4,204.12 -1.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Граѓаните за време на корона-кризата заштедиле дополнителни 205 милиони евра во банка

јануари 22, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Граѓаните за време на корона-кризата заштедиле дополнителни 205 милиони евра во банка
111
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Македонските граѓани успеале да тргнат пари на страна и за време на најголемата пандемија и економска криза која ја памети светот. Вкупните заштеди во банките на крајот на 2020 достигнаа 7 милијарди евра. Од нив 4 милијарди 637 милиони евра се заштеди на граѓаните, останатото е на компаниите. Или лани, граѓаните успеале да стават дополнителни 205 милиони евра на штедна книшка во банка – покажува статистиката на Народната банка.

А само една година претходно, во декември  2019 година на штедните книшки на граѓаните имало 4 милијарди 432 милиони евра или 205 милиони евра помалку.

„Вкупните депозити, во декември, се зголемија за 3,0% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Во декември, вкупните депозити на домаќинствата, пораснаа за 2,3% во споредба со претходниот месец. На годишна основа, депозитниот раст изнесува 4,6% и целосно се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти“, соопшти Народната банка.

За време на кризата штеделе и компаниите – кај нив имало плус 183 милиони евра во однос на 2019.

„Во декември, кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан раст на месечна основа од 5,8%. Нагорната промена во најголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари, при помал раст и кај краткорочните и долгорочните депозити во странска валута и остварен пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари. На годишно ниво, депозитите се повисоки за 10,1%, како резултат на растот на депозитните пари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), при забележан пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари“, соопшти Народната банка.

И за експертите феноменот на зголемено штедење, но и на задолжување за време на криза е чуден. Го објаснуваат со тоа зголемениот расположлив доход на населението во 2020 година во однос на претходната.

„Растот на депозитите и на кредитите во време на Ковид-19 на прв поглед е чуден, меѓутоа се должи на тоа што доходот кај населението во време на пандемијата сепак порасна. Според проценките, расположливиот доход во 2020 споредено со 2019 пораснал за околу 10%, што во голем дел се должи на мерките за задржување на работните места и еднократната парична помош дадена во два наврата. Само преку овие две мерки, во 2020 се вбризгаа околу 180 милиони евра. Второ, во сектори во кои што вообичаено е вработено подоходовното население, кризата имаше сосем мал или никаков импакт. Според тоа, поголемиот расположлив доход придонел депозитите да растат. На страната на компаниите, претпоставувам дека се зголеми т.н. претпазливо штедење, поради огромната неизвесност, а во текот на кризата компаниите имаа можност да ја одложат отплатата на кредитите, потоа можност за да добијат поволни кредити од МБПР, што сето придонело за пораст на депозитите и на фирмите“, изјави за „Денар“ професорот Марјан Петрески.

Податоците на Народната банка покажуваат и дека за време на пандемијата граѓаните се повеќе и се задолжувале. Вкупните кредити достигнаа 5,8 милијарди евра, од кои 3 милијарди евра се кредити на домаќинствата. Тие во однос на 2019 година, пораснеле за 224 милиони евра. Граѓаните најмногу пари должат за потрошувачки и станбени кредити.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, забележан е месечен раст од 0,5% и 1,9%, соодветно, како и годишен раст од 6,9% и 13,6%, соодветно. Автомобилските кредити остварија месечен и годишен пад од 2,6% и 10,9%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,6% и 6,1%, на месечно и годишно ниво, соодветно. Во декември, негативните салда на тековните сметки бележат месечно и годишно намалување од 9,9% и 5,0%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се повисоки за 0,3% во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се намалени за 6,0%“, соопшти Народната банка.

Според професорот Петрески во поглед на кредитирањето, самото зголемување на расположливиот доход на населението овозможило побарувачката за кредити да не се намали.

„Паралелно, продолжи падот на каматните стапки, односно трендот којшто беше присутен претходно, само беше дополнително поддржан од понатамошно олабавената монетарна политика во време на кризата. Истата причина детерминирала и мал раст кај фирмите, иако тој е значајно помал и таму е јасна воздржаноста на фирмите да се задолжуваат за позначајни потфати во време на криза и веројатно значаен дел од нив, особено помалите претпријатија се задолжувале за одржување на тековната ликвидност“, изјави професорот Петрески за „Денар“.

С.А

Тагови: банкаграѓанидепозитизаштеда
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Ви се оди во тоалет, а одложувате? Прочитајте што може да ви се случи

Следна Објава

2 состојки, 7 дена и 2 кг помалку

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово
КОМПАНИИ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

март 5, 2021
36

Во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како...

Прочитај повеќе
„Foxconn“ навести силен почеток на годината
КОМПАНИИ

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
11

Соработникот на „Apple“, „Foxconn“, објави дека очекува приходите во првиот квартал да пораснат за над 15 проценти во однос на...

Прочитај повеќе
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг
ЕКОНОМИЈА

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
48

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Прочитај повеќе
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
10

Граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди...

Прочитај повеќе
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија
КОРОНА

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021
42

Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството во вторникот се...

Прочитај повеќе
Светските цени на храната се највисоки од 2014-та
ЕКОНОМИЈА

Светските цени на храната се највисоки од 2014-та

март 5, 2021
23

Светските цени на храната продолжуваат да растат, деветти месец по ред. Ова е нивно највисоко ниво од јули 2014-та година,...

Прочитај повеќе
Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели

март 5, 2021
29

„Google Chrome“ обично добива нови одлични одлики на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или...

Прочитај повеќе
Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)

март 5, 2021
70

Германскиот производител „Porsche“ претстави караван верзија на својот прв електричен автомобил „Taycan“. Практичната верзија на автомобилот донекаде имитира „SUV“, што...

Прочитај повеќе
На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“
КОМПАНИИ

На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“

март 5, 2021
10

„Merck Group“ со седиште во Дармштат ја заврши 2020-та година со силен раст на профитот и нов рекорден резултат во...

Прочитај повеќе
Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите
СВЕТ

Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите

март 5, 2021
32

Најголемиот кинески производител на чипови, SMIC, купи опрема за производство од ASML, со седиште во Холандија, за 1,2 милијарди долари,...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

март 5, 2021
„Foxconn“ навести силен почеток на годината

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Грција продолжува да се тресе, нов силен земјотрес кој е почувствуван и во Македонија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кина одобри три традиционални рецепти за лекување Ковид-19

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Повеќе од една третина од купувачите на биткоин се крипто-аналфабети

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што може да направи телевизор од 400.000 американски долари? (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021

март 5, 2021
1.2k
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
5k

КВИЗОВИ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот
КВИЗ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот

март 3, 2021
198

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
2 состојки, 7 дена и 2 кг помалку

2 состојки, 7 дена и 2 кг помалку

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани