недела, јануари 17, 2021
-1 °c
Skopje
-5 ° нед
-4 ° пон
-4 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Што ни е подолго, чергата или нозете, долгот на Македонија надмина 6,5 милијарди евра!

ноември 24, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Што ни е подолго, чергата или нозете, долгот на Македонија надмина  6,5 милијарди евра!
194
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Македонија се наоѓа во категоријата на држави со пристап до пазарите на капитал и според ММФ земјите кои спаѓаат во оваа категорија не е препорачливо да го поминат прагот на 50 отсто јавен долг од БДП и 10 отсто од БДП на бруто потреби за финансирање на долгот. Овие одредници или препораки за јавниот долг и вака поставени за земјава се повеќе од високи. Во третиот квартал од годинава јавниот долг на земјава изнесува нешто на 6,5 милијарди евра. Но најавите се дека  тука задолжувањата нема да сопрат, и во периодот што следи се најавени дополнителни задолжувања, и издавање на нова Еврообврзица.

Во моментов, состојбата покажува дека сериозно е помината границата по основ на двата критериуми, и тоа јавен долг од 61% во однос на Бруто домашниот производ(БДП) и 16 отсто од потребите за бруто потребите за финансирање на долгот. Официјалните податоци покажуваат дека годинава јавниот долг е зголемен за дополнителни 11 процентни поени од Бруто домашниот производ. Експертите сметаат дека според фискалната рамка и плановите, оваа граница и натаму ќе се движи во нагорна линија. Очекувањата на Центарот за економски анализи покажуваат дека јавниот долг дополнително ќе се продлабочи.

„Темата на неодржливост на јавниoт долг во Македонија уште пред повеќе од две години беше длабински анализирана од ЦЕА и уште тогаш укажувавме на потребата за стабилизирање на јавниот долг а кој пред две години беше „само“ 49% од БДП. Поголем притисок се очекува од зголемените бруто потреби за финансирање, за да се обезбедат средства за: финансирање на дефицитот, враќање на каматите за постоечкиот долг но, и главниот долг од Еврообврзниците кои доспеваат со следниот период, за да се изнајдат извори и да се одговори на овие потреби. Еврообврзните доспеваат со зачестена динамика во следен период и тоа во оваа година 178 мил ЕУР, следната 2021 – 500 мил ЕУР, во 2023 – 450 мил ЕУР, во 2025 500 мил ЕУР, во 2026 700 мил ЕУР, а примарниот дефицит оваа 2020 се очекува да биде над 7%. Мапата со аларм посебно свети црвено кај оваа одредница, бидејќи ризиците се значителни за да се одговори на потребите за финансирање на веќе постоечкиот долг“, велат за Денар од Центарот за економски анализи.

На прашањето, на кој начин би се стабилизирала ситуацијата со јавниот долг, експертите велат дека прво треба да се бара решение да се одржи на исто ново, да не се зголемува дупката. Нивните пресметки за фискалните политики се дека без дополнителни шокови во прво време е потребно да се стабилизира долгот. Доколку властите имаат на ум да работат на намалување на јавниот долг ќе треба да се проектираат буџети со многу ниски дефицити. Од ЦЕА додаваат дека динамиката на долг рок е особено чувствителна на претпоставките за каматата и претпоставените стапки на економски раст, со што помала стапка на раст од предвидената или промена на реалната каматна стапка може значително да влијае врз динамиката на долгот и врз примарното салдо за стабилизирање на долгот.

„Колку за илустрација, во сценарио каде претпоставките се просечно десетгодишно ниво на економски раст од 2.6%, инфлација 1,3%, и примарно салдо -2%, јавниот долг на среден рок може да се очекува да достигне и 68% од БДП. Оттука силно е препорачливо да ги поставиме буџетските политики и јавниот долг на поодржлив пат, Македонија мора да ги консолидира буџетските расходи и да ја зголеми ефикасноста на јавните расходи. Ваков обем на јавен долг во услови на искористен фискален простор бара прилагодување и на приходната и на расходната страна со комбинирани политики. Вклучително и прилагодувања на сите дискрециони и задолжителни трошења како и трансферите, субвенциите, расходите за социјала, за државна помош, кои значајно придонесуваат кон прекумерното и брзорастечко оптоварување на долгот преку зголемените дефицити за да бидат подобро насочени, и рационализирани“, В=велат од ЦЕА.

Само годинава Македонија се задолжи 1 милијарда и 500 милиони евра. Но издавањето на еврообврзницата и заемите кои државата ги зема од домашните и од меѓународните финасиски институции не се доволни за надминување на кризата. За догодина од Владата најавија нови задолжувања и издавање на нова Еврообврзница.

Што се однесува на глобално ниво, од Меѓународниот монетарен фонд информираат дека вкупниот долг на развиените држави во третиот квартал од годинава ќе се зголеми за речиси 450 отсто од БДП. Лани долгот бил на ниво од 380 отсто. Очекувањата на монетарците се дека глобалниот долг до крајот на 2020 година ќе порасне за 277 трилиони долари.  Сето ова зголемување на долговите е резултат на трошењето на владите но и компаниите во борбата против пандемијата.

И.П

Тагови: БДПдолгеврамилијардиММФ
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Илон Маск го престигна Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во светот

Следна Објава

„Mercedes-AMG“ на пазарот го враќа заборавениот модел




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!
ЕКОНОМИЈА

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
42
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните
СВЕТ

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
62
Сончево и студено со мала до умерена облачност
МАКЕДОНИЈА

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
11
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП
СПОРТБИЗ

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
53
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали
ТЕХНОЛОГИЈА

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021
159
Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз
СПОРТБИЗ

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз

јануари 16, 2021
55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
Сончево и студено со мала до умерена облачност

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобриот детокс напиток за во зима

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ДИЕТА: Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021

јануари 16, 2021
2.5k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.5k





Следна Објава
„Mercedes-AMG“ на пазарот го враќа заборавениот модел

„Mercedes-AMG“ на пазарот го враќа заборавениот модел

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани