
Истражувањето на компанијата „YourHealth“ покажува дека луѓето со различни професии се разликуваат според својата тежина.


Истражувањето на компанијата „YourHealth“ покажува дека луѓето со различни професии се разликуваат според својата тежина.
На одредени работни места физичката активност е на минимално ниво, со што тоа влијае на тежината на телото на вработените.
Но активноста не е пресудна, исхраната е главниот фактор и причинител на дебелината. Повеќе од половина од учесниците во истражувањето признале дека на работното место најчесо се хранат со брза храна, што штетно влијае за нивното здравје и тежината, но најчесто немањето на доволно време за појадок ги принудува работниците на таквото решение.
Кој најмногу се дебелее?
Како резултат на истражувањето, создадена е листа која покажува во која професија има најмногу дебели лица. Листата изгледа вака:
1. Административен работник – 69 проценти
2. Инженер – 56 проценти
3. Наставник – 51 процент
4. Медицинска сестра – 51 процент
5. ИТ техничар – 51 процент
6. Правник – 48 проценти
7. Професионален готвач – 45 проценти
8. Научник – 39 проценти