7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОбичен тренинг со чија помош ќе потрошите 1.000 калории (видео)

Обичен тренинг со чија помош ќе потрошите 1.000 калории (видео)

Некогаш навистина не треба да ги комплицирате работите, особено ако не сте толку искусни на полето за вежбање, па силните називи на програмите за оформување на телото само ве доведуваат во забуна.

Добар тренинг може да биде и онаа старата, многу пати испробана рутина – важно е само телото да го натерате на работа со која мускулите и метаболизмот со заеднички сили ќе го започнат процесот на согорување на калории.

За тоа не е потребно да бидете професионалец, а екипата од порталот Bright Side тврди дека токму овој обичен класичен тренинг може да ви помогне да согорите до 1000 калории, нормално ако дадете 100 проценти од себе.

Пред вас се пет добри, стари и познати вежби, со кои ќе го активирате целото тело, секоја вежба правете ја 90 секунди, а целата серија направете ја без одмор.

Меѓу секоја серија, кои треба да бидат три, направете одмор од една минута.

Подетални инструкции погледнете во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП