26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате да се наспиете? Избегнувајте ги овие намирници

Сакате да се наспиете? Избегнувајте ги овие намирници

Според истражувањето „Sleep Health Foundation“ од Австралија многу луѓе не спијат доволно – просечно помалку од седум часа. Одредена храна го пореметува сонот, но постои и онаа која е препорачливо да ја консумирате пред да заминете во кревет.

Мисиркиното месо е вистинскиот избор за последниот оброк во денот бидејќи содржи големи количини на триптофан – аминокиселина која помага кај ослободувањето на мелатонинот, хормон кој е одговорен за добар сон.

Триптофанот исто така се наоѓа и во други намирници богати со протеини.

Д-р. Џесика Редмонд вели дека недостатокот на триптофан доведува и до недостаток на серотонин, попознат како хормонот за среќа.

Исто така, доколку сакате добро да се наспиете не јадете после 20 часот и избегнувајте алкохол.

Намирниците кои помагаат подобро да спиете се и пилешкото, рибата, јајцата, млечните производи, потоа зелениот зеленчук, авокадото, бананата, медот и бадемите.

За квалитетен ноќен сон пред спиење избегнувајте масна храна, пржена храна, чипс, сладолед, кафе и алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП