Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

4 научно докажани начини за подобра попладневна дремка

Време: 15:35

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Најидеално би било кога сите би можеле на средина од работниот ден малку да паузираме и да дремнеме за да ги наполниме батериите.

Но, бидејќи ова е невозможно, би било добро да знаеме неколку делотворни трикови. Докторката Сара Медник, истражувач на спиењето и автор на неколку дела, неодамна откри четири чудесни трика.

1. Магичниот број: 90 минути

Според докторката Медник, 90-минутната дремка е подеднакво корисна колку и спиењето во текот на ноќта – секако ако претходната ноќ не сте спиеле доволно. Па, ако имате вишок време, фрлете му се на креветот.

„Тајната е во тоа што со 90 минути спиење минувате низ сите фази на сонот. А кога ќе се разбудите, ќе имате подобра концентрација, подобро ќе помните, помало е нивото на стрес и подобро ќе ви работи метаболизмот“, вели таа.

2. Ако и после дремката се чувствувате уморно, пробајте го следното

Не сите се будат после дремката освежени. Ако е тој случај токму и со вас, скратете го периодот на дремката за да не стигнете бавно-брановата фаза од сонот.

„Од длабокиот сон многу потешко се будиме, токму затоа на некои луѓе им се препорачува само 10 до 15 минути сон. А со тие 10 до 15 минути ќе дојдете до втората фаза на сонот, што е многу важно за помнењето и вашето здравје“, објаснува таа.

3. Дури и кога мислите дека не сте уморни, легнете

Понекогаш може да ви претставува потешкотија да заспиете, особено ако имате малку време за тоа. Но, не грижете се, и лежењето значи многу за вашето тело.

„Дури и ако лежите само 20-тина минути, не мора да значи дека после тоа нема да заспиете. Бидете упорни и потрудете се да не размислувате за ништо. Едноставно опуштете го мозокот а потоа најверојатно и веќе ќе заспиете, дури и да не ви делува така“, вели Медник.

4. Обидете се да се одморите шест часа после станувањето

„После шест часа будност ќе ви падне нивото на концентрација и ќе ви се приспие. Токму затоа тоа е совршено време за малку да се одморите, па ако имате таква можност, секако искористете ја“, вели таа.

Ако сепак не можете да го правите ова секојдневно, искористете го било кој погоден момент.

„Потрудете се да дремнете барем три пати неделно по 20-тина минути“, советува докторката.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ако забележите само еден од овие опасни симптоми, вашето тело ве предупредува да намалите со шеќерот

    Ако забележите само еден од овие опасни симптоми, вашето тело ве предупредува да намалите со шеќерот

    Вашето тело е подготвено да ви даде одговор на прашањето „дали внесувате премногу шеќер“?! Телото ќе се побуни веднаш и ќе ви даде видиливи знаци,…

  • Црвеното вино ја зголемува плодноста кај жените

    Црвеното вино ја зголемува плодноста кај жените

    Резултатите од новата студија која е спроведена во САД покажаа дека жените кои пијат чаша црвено вино неделно имаат поголема плодност отколку жените кои не консумираат…

  • Со само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

    Со само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

    Чешање на очите, воспалено грло, непречено кивање. Овие симптоми упатуваат на сезонска алергија. Со цел спречување на овие симптоми ви нудиме неколку едноставни трикови кои…

  • Домашен лек против главоболка кој делува побрзо од апчиња!

    Домашен лек против главоболка кој делува побрзо од апчиња!

    Кога ќе не заболи главата, обично посегнуваме по било кој лек против болки кој го имаме при рака. Сепак, доколку го направите овој еликсир, тој…

  • Дали сода бикарбоната „лекува“ киселина?

    Дали сода бикарбоната „лекува“ киселина?

    Сода бикарбоната е најчестиот лек против киселина од домашните лекови. Еве што велат експертите, дали таа е делотворна. Дури една третина од популацијата страда од…

  • Што се случува во телото по два дена без цигари

    Што се случува во телото по два дена без цигари

    Ако веќе сте се обиделе да ги оставите цигарите, а не сте успеале … знаете тоа колку мож да биде тешко. Никотинот ви одзема драгоцен…

  • 3 причини кои ќе ве убедат секој ден да изедете барем една краставица

    3 причини кои ќе ве убедат секој ден да изедете барем една краставица

    Постојат се повеќе докази кои укажуваат на тоа дека краставиците се богати со хранливи материи кои можат да им се спротистават на опасните болести, и…

  • Вратете и го животот на уништената коса: Неверојатна маска од авокадо

    Вратете и го животот на уништената коса: Неверојатна маска од авокадо

    Пробајте ја оваа неверојатна маска за коса која ќе и го врати животот на уништената коса. Авокадото е полно со витамините Е и Б и…

  • Здрава комбинација со која ќе ја запрете гладта

    Здрава комбинација со која ќе ја запрете гладта

    Овој вкусен шејк ќе го продолжи чувството на ситост и ќе го спречи непотребното грицкање меѓу оброците. Состојки: – 1 шака кељ – 1 исчистено…

  • Стевиа –нискокалорична и природна алтернатива за белиот шеќер!

    Стевиа –нискокалорична и природна алтернатива за белиот шеќер!

    Зошто да користиме Стевиа? Доколку сакаме да ја намалиме телесната тежина, да имаме нормален крвен притисок, регулиран дијабетес и заштита на оралното здравје, првиот чекор…