1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската економија може да западне во неволја

Светската економија може да западне во неволја

Нова финансиска криза ги загрозува економиите во развој и може да влијае „како одмазда“, предупредува влијателна група на централни банкари, цитирана од британскиот весник „Independent“.

Пазарите во развој како што е Кина покажале исти знаци на прегревање на економиите какви што покажуваа САД и Велика Британија пред финансиската криза во 2007-ма година и 2008-ма година, се наведува во годишниот извештај на Банката за меѓународни порамнувања (Bank for International Settlements – BIS ).

Клаудио Борио, шеф на монетарниот и економскиот оддел на „BIS“, изјави дека нова рецесија може да дојде „како одмазда“.

„BIS“ позната како централната банка на централните банки предупредува дека светската економија може да западне во неволја. Банката предвидува дека централните банки ќе бидат принудени да ги зголемуваат каматните стапки по години на рекордно ниски нивоа, за да се борат со инфлацијата која ќе го избледне растот.

Групата, исто така, предупреди за заканата од растечкиот долг во земји како Кина и зголемениот протекционизам во САД под водство на Доналд Трамп.

Корпоративниот долг на Кина речиси се удвои од 2007-ма година наваму, а во моментов достигнува 166% од бруто домашниот производ (БДП), додека долгот на домаќинствата се зголеми до 44% од БДП-то во минатата година.

Во мај кредитната агенција „Moody’s“ го намали рејтингот на Кина за прв пат од 1989-та година, бидејќи предвидува пораст на задолженоста на азискиот гигант и забавување на економскиот раст.

Падот на кредитниот рејтинг се одразува на фактот дека „финансиската стабилност на Кина ќе се влоши малку во наредните години, како што вкупниот обем на долгот ќе продолжи да расте, додека потенцијалот за раст се забавува“.

„Moody’s“ очекува економскиот раст на Кина да опадне до околу пет проценти годишно за следните пет години. Пекинг предвидува раст од околу 6,5 отсто за оваа година.

Според „BIS“ големината на долгот е индикатор за предупредување за банкарскиот систем на земјата, а во Кина тој расте со побрзо темпо отколку во другите азиски економии како Тајланд и Хонг Конг.

Во исто време светската економија се уште се опоравува од финансиската криза и падот на еврото во 2010-та година и се очекува Велика Британија да ја преживее „изгубената деценија“, бидејќи растот на продуктивноста и платите се намалува, пишува уште „Independent“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП