6 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИФинска диета

Финска диета

Менито се базира на пире-супи од зеленчук, а режимот на исхрана е 4-5 помали оброци на ден, а се препорачува и да се пиjат 2 литри вода на ден.

Рецепт за основната пире-супа:

500 гр кромид, 300 гр целер, 250 гр моркови, 250 гр зелка, 250 гр магдонос, 200 гр праз, 200 гр карфиол, 1 главица лук, 1 чаша сок од домати, црн бибер, босилок, естрагон.

Зеленчукот треба да се измие, иситни и да се прелие со вода и да се вари се додека да омекне. Потоа, се пасира, се прави пире и се додава сок од домати, зачини и се вари уште 10 минути.

Менито за еден ден изгледа вака:

Прв појадок: пире-супа, каша со млеко, овошен сок

Втор појадок: пире-супа, свежо овошје

Ручек: супа од риба, парче барено пилешко месо, салата од зелен или изредан морков, сок од свежо овошје

Вечера: пире-супа, немасно месо, каша од хељда, овошна салата со јогурт

Пред спиење: чаша млако млеко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП