18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Русија најголеми извозници на оружје во светот

САД и Русија најголеми извозници на оружје во светот

weapon

Трговијата со оружје во светот пораснала во изминатите пет години на највисокото ниво од Студената војна и притоа повторно водечки извозници се САД и Русија, поттикната од побарувачката на Блискиот исток и во Азија, покажува истражувањето на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) објавено во понеделникот.

Во периодот од 2012 до 2016 година, покажува истражувањето, најголеми извозници на оружје биле САД, Русија, Кина, Франција и Германија, на кои отпаѓа 74 отсто од вкупниот обем на продажба на оружје, а од тоа на САД и Русија отпаѓаат заедно 56 отсто. САД и Франција се водечки снабдувачи со оружје на Блискиот исток, додека Русија и Кина за азиските земји.

САД поединечни и натаму се водечкиот извозник на оружје со 33 отсто од глобалниот обем, што е за 3 отсто повеќе од претходниот петгодишен период. Русија е втора со 23 проценти, со што нејзиниот удел на пазарот е намален за еден процентен поен во однос на периодот 2007/2011 година.

Третото место на оваа листа го држи Кина со 6,2 отсто од светскиот удел, а четврта е Франција со 6 отсто, со што ја надмина Германија чиј удел изнесувал 5,6 отсто. Подемот на Франција на оваа листа се должи на договорот со Египет за испораката на виени бродови и борбени авиони.

Според овој извештај, податоците од 2004 година за обемот на продажба во светот постојано се во пораст и во периодот 2012/2016 година се зголемиле споредено со периодот 2007//2011 година за дополнителни 8,4 отсто. Притоа, последните пет години е забележана најголемата стапка на продажба на оружје од крајот на Студената војна.

Авторите на извештајот истакнуваат дека растот на испораките на воена опрема е во Азија, Океанија, Блискиот исток и извесни намалувања во Европа, двете Америки и Африка. Испораките во Азија и Океанија се зголемени од 7,7, отсто во 2007/2011 и во 2012/2016 годна изнесувале 43 отсто од светскиот извоз. Но со тоа нејзиниот удел сепак е намален за еден процентен поен во однос на претходниот петгодишен период.

Глобалниот увоз и извоз на оружјето достигнал изминатите пет години највисоко ниво од 1950 година, истакнуваат експертите во извештајот SIPRI. „Трансферот на големото оружје во периодот од 2012 до 2016 година го достигна најголемиот обем кога станува збор за петгодишен период, од крајот на Студената војна“, пишува во извештајот на стокхолмскиот институт.

Уделот на земјите од Блискиот исток и сунитските монархии од регионот на Персискиот залив во глобалниот увоз на оружје скокнал од 17 на 29 отсто.

„Во изминатите пет години повеќето земји од Блискиот исток главно се свртија кон САД и Европа во забрзаното набавување на развиените воени капацитети. И покрај ниските цени на нафтата земјите во овој регион и натаму нарачувале повеќе оружје во 2016 година, сметајќи го за клучна алатка за решавање на судирите и тензиите во регионот“, истакнува Пјетер Веземан од Програмата за потрошувачка на оружје и војска во извештајот на SIPRI.
Уделот на Европа во глобалниот увоз на оружје во текот на изминатите пет години, пак, е намален за 7 отсто, во однос на претходната петолетка и изнесувал 11 проценти. Обемот на европскиот глобален увоз на оружје потонал за 36 отсто, при што во SIPRI најавуваат негов раст следните години, поради започнувањето на испораките на новите воени авиони во изминатите пет години.

На листата земји увозници на оружје првото место го зазема Индија, која за разлика од Кина, сé уште самата не произведува оружје. На второто место е Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП