17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија и Франција - следните жртви на должничката криза во еврозоната?

Италија и Франција – следните жртви на должничката криза во еврозоната?

ek3

Европската должничка криза изгледа повторно се буди. Проблемите на Грција, Шпанија и Португалија изгледа повторно почнуваат да пловат на површината, пишува за „MarketWatch“ Сатјаџит Дас, поранешен банкар и автор на книгата „Ерата на стагнацијата“ (The Age of Stagnation).

Дас нагласува дека сепак кризата се повеќе се приближува и кон јадрото на еврозоната – поконкретно кон Франција и Италија, кои се најранливи.

Заштитници на двете земји тврдат дека тие се модерни нации со завидно економско педигре. Италија и Франција се соодветно 13-та и 9-та од најголемите економии во светот. Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во 2014-та година се проценува на 34.500 долари за Италија и 40.400 долари за Франција.

И двете земји можат да се пофалат со многубројна и добро образована популација, продуктивна работна сила, добро развиена инфраструктура и значителен економски и социјален капитал.

Покрај тоа, и двете држави се водечки земјоделски и индустриски сили, силни се во производството на различни технички производи, луксузните стоки, во прехранбената индустрија, фармацевтските производи и модата. И двете земји се меѓу водечките извозници и главни туристички дестинации на глобално ниво.

Франција дури има поволни демографски перспективи, бидејќи наталитетот е малку над нивото потребно за ажурирање на населението, иако тоа се должи на имигрантското население во земјата.

Така Италија и Франција – објасниво, се јавуваат премногу големи шанси за да пропаднат.

Италија и Франција, сепак делат и заеднички проблеми, посочува Дас. Тоа се бавниот економски раст, високата невработеност, лошата состојба на јавните финансии и различни структурни недостатоци на економијата. Реформите и во двете земји се случуваат тешко и станува тешко да се случат поради тешката политичка ситуација.

Вкупниот долг на Италија достигнува околу 259% од БДП, што е за 55% повеќе во однос на 2007-ма година. Долгот на Франција достигна 280% од БДП, што е за 66% во однос на 2007-ма година. Без мерки за корекција долгот и на двете земји ќе продолжи да се зголемува критично брзо.

Франција и Италија не може да се избегне финансиска криза во услови на низок раст и ниска инфлација, посочува Сатјаџит Дас. Реалниот раст на БДП би требало да е околу два пати во однос на тековното прогнозирано темпо, за да ја следи стабилизација на долгот и последователно намалување.

Потребната фискална корекција, за да започне намалувањето на државниот долг е околу 2% од БДП, што сепак би довело до намалување на растот, од кој има потреба за намалување на задолженоста. Комбинацијата од слабата економска активност и ниската инфлација го поддржува растот на долгот на Италија, и покрај мерките за штедење и примарниот суфицит од 2% од БДП. Во Франција, пак, нема знаци дека буџетот ќе постигне вишок во блиска иднина.

Вистинскиот проблем е недостатокот на конкурентност, во основата на кој пак стои единствената валута, смета Дас. Пред падот на еврото во однос на доларот од 2015-та година, кога Европската централна банка (ЕЦБ) воведе негативни каматни стапки и ги зајакна квантитативните олеснувања, Италија и Франција се соочија со 15-25% преценета валута. Без можност за девалвација и двете земји сметаа повеќе на долгот, за да ги финансираат јавните расходи за одржување на главната економска активност и животниот стандард.

Во отсуство на поволен курс Италија и Франција се соочуваат со тешка задача силно да ги намалат трошоците за враќање на конкурентноста. Како што покажува искуството на Грција, Шпанија, Португалија и Ирска, ова е брутален и не секогаш успешен процес. Корекцијата може да биде потпомогната од силниот извоз, но нискиот раст во развиените и пазарите во развој значи дека побарувачката најверојатно ќе остане слаба.

Во почетокот на 2015-та година, во интервју за италијанската државна телевизија „RAI“, тогашниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис посочи дека еврото е кревко. Слично на куќа од карти ќе се сруши, ако Грција се повлече од еврозоната, коментираше Варуфакис. Тогаш тој истакна дека Италија, исто така има проблем со одржливите нивоа на долгот, што предизвика непосреден одговор на италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан. Тој тврди дека неговата земја е „стабилна и одржлива“.

Одговорот на Падоан е типичен за Италија и Франција, кои продолжуваат да ја негираат сериозноста на ситуацијата. Ниту една од земјите не ги признава слабите економски резултати, како и зголемувањето на нивото на јавниот долг, неприфатливите фискални перспективи и потребата од длабоки структурни реформи.

Не постои и желба за решавање на проблемите на еврозоната во позадина на некомпатибилноста на монетарната унија со националното фискално управување и суверената независност меѓу членовите на валутниот блок. Дури пониските цени на енергијата, пониските трошоци за државните заеми и падот на еврото веќе не успеваат да ги прикријат проблемите кои Рим и Париз одбиваат да ја признаат, заклучува Дас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП