Новата станбена зграда со 25 стана, наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории, беше пуштена во употреба во неделата во Демир Хисар.
Објектот вреден 33 милиони денари, го пуштија во употреба Премиерот Никола Груевски, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов и градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски.
Груевски рече дека распределбата на становите ќе се одвива по електронски пат, почнувајќи од овој месец, а целата процедура Министерството за транспорт и врски треба да ја заврши кон средината на септември.