17 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПомогнете и на вашата тироидна жлезда: Намирници кои содржат јод и кои...

Помогнете и на вашата тироидна жлезда: Намирници кои содржат јод и кои треба да ги вклучите во вашата исхрана

Иако за јод не се зборува многу, овој минерал е неопходен за здравјето на нашиот организам. Главно се внесува преку храната во која природно се наоѓа. Сепак, содржината на јод варира во храната во зависност од содржината на јод во почвата и исхраната на животните чие месо го јадеме.

Што треба да јадете за да внесете доволно јод во вашето тело?

За почеток, важно е да се нагласи каква улога игра јодот во нашиот организам. Поголемиот дел од јод се складира во тироидната жлезда, која се наоѓа на предниот дел на нашиот врат и ослободува група на хормони наречени тироидни хормони. Јодот е клучен во производството на тироидните хормони, кои влијаат на целиот метаболизам. На пример, тироидните хормони му помагаат на нашето тело да произведува енергија и помагаат во регулирањето на температурата. Тие се особено важни за време на бременоста и детството, бидејќи обезбедуваат нормален раст и развој, вклучувајќи го и развојот на мозокот и нервниот систем.

Јодот во храната главно се наоѓа во намирниците од животинско потекло и морските плодови, а во помала мера во обработената храна како лебот, житариците и млекото.

Најдобар извор на јод во храната – Морски алги

Јадливите морски алги се најбогат извор на јод, бидејќи растат во океаните богати со овој минерал и покрај карпестите брегови ширум светот. Заедно со големи количини на јод, алгите содржат и цинк, калциум и магнезиум, како и одредени витамини, вклучувајќи ги витамините А, Ц, Е и К.

Риба и морска храна

На второ место се наоѓа рибата и морските плодови.

Рибата, како што е туната, не е само нискокалорична храна со висока содржина на протеини и јод, туку е и добар извор на калиум, железо, омега-3 масни киселини и витамини од групата Б , можете да бидете сигурни дека ви е обезбеден здрав појадок. Имајте на ум дека рибите со поголема содржина на масти нудат помали количини на јод. Бидејќи туната е помрсна риба, количеството на јод што се наоѓа во туната е помало од помалку масни риби, како што е бакаларот.

Морската храна, како што се ракчињата, е исто така одличен извор на протеини и многу хранливи материи, вклучително и јод. Околу 85 грама ракчиња обезбедуваат 23 проценти од дневната вредност на јод. Покрај тоа, ракчињата обезбедуваат клучни хранливи материи како што се витамин Б12, селен и фосфор.

Кујнска сол означена како „јодирана“

Кујнската сол означена како јодирана е најчестиот извор на јод за повеќето луѓе. Иако само една четвртина од оваа сол може да задоволи половина од дневните потреби на организмот за јод, треба да се внимава со солта. Солта содржи и натриум, кој може да биде лош за здравјето на бубрезите и крвниот притисок.

Млечни производи (млеко, сирење, јогурт)

Секоја храна што содржи кравјо млеко, вклучувајќи сирење, јогурт и сладолед, е многу веројатно пристоен извор на јод.

Млечните производи добиваат јод на еден од двата начини – преку додатоци кои им се даваат на кравите за зголемување на плодноста или јодните производи кои се користат за дезинфекција на опремата за молзење.

Млекото и грчкиот јогурт се најдобриот избор за обезбедување јод, бидејќи една шолја од секој може да обезбеди повеќе од половина од потребниот јод секој ден. Сладоледот и сирењето обезбедуваат помалку јод – околу 28 микрограми јод и 14 микрограми, соодветно.

Јајца

Втор најчест извор на јод од секојдневната исхрана се јајцата. Најчестиот избор за појадок, тој е и одличен извор на протеини, здрави масти, витамини и минерали, а споменатиот јод го има во жолчката.

Говедски црн дроб

Говедскиот црн дроб има силен вкус и силна текстура, поради што некои луѓе не го сакаат. Сепак, размислете малку повеќе да го вклучите во вашата исхрана бидејќи овој вид месо е одличен извор на јод, како и на други клучни хранливи материи, витамини, фолна киселина и железо. Дел од 90 грама црн дроб обезбедува 14 микрограми јод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП