23 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 25-26.05.2024

Викенд хороскоп 25-26.05.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Крајно време е да престанете да се грижите за обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.

Бик (21.04 – 21.05)

Искористете ја одличната наклонетост и контактирајте со луѓе што би можеле да ви помогнат во остварувањето на плановите. Викендов ќе се соочите со љубовен предизвик – да го следите разумот или, пак, срцето. Всушност, вие точно знаете што треба да направите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На најдобар начин користете ги своите генијални особини. Ви паѓаат на памет луди идеи, фантазијата е богата, а, сепак, одлично функционирате. Некого очајно сакате да видите, ќе направите се за да воспоставите контакт. Односот со партнерот е во нагорна линија, а тоа ве прави посебно среќни.

Рак (22.06 – 22.07)

Ви се случуваат интересни работи, затоа и не ви е досадно. На моменти сте нервозни и подготвени да избувнете. Саканото лице најмногу влијае на вашето расположение. Периодот пред вас е добар ако ја вклучите имагинацијата, но не и за практични работи. На материјален план е можен застој.

Лав (23.07 – 22.08)

Бодрејќи се себеси си, ќе почувствувате замав на новиот тренд во, кој, главно, ќе бидат вклучени повеќе луѓе. Време е за ширење и делење информации. Советувајте се со блиските за да ви го пренесат потребното искуство. За среќа, околината ве знае, па така знае и што може да очекува од вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Желбата за комуникација и усовршување е зголемена. Доколку се обидувате правилно да насочите некој близок, нема да успеете. Бидете внимателни, тоа може целосно да ви ја извлече енергијата. Избегнувајте расправии и не оптоварувајте ги луѓето. Потрудете се да си го зајакнете имунитетот.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува голема забава овој викенд. Но, сепак, бидете внимателни и не претерувајте со алкохолот. Доколку овие два дена треба да донесете некои важни одлуки, донесете ги стабилно и решително.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Период на претпазливост. Многу работи можат да излезат од контрола, посебно кога е во прашање љубовта. Се уште лутате со паметот. Очекувате секој момент да налетате на принцот од бајките. Разумноста и приземноста ќе помогнат да се вратите на вистинскиот колосек.

Јарец (22.12 – 20.01)

Пред вас е викенд исполнет со возбудливи мигови. Не сте во врска? Не грижете се, Венера ќе се погрижи да имате многу роматчен викенд. Ве очекуваат средба како со бившите, така и со идните партнери. Среќно!

Водолија (21.01 – 19.02)

Период на оптимизам. Имате безброј интересни идеи. Само треба да бидете стрпливи и да ги спроведувате на дело. Знајте дека многу работи ви стојат на патот. Користете кратки паузи полесно да ги одбегнете. Одморот ќе донесе елан за нови проекти, кои, ќе ги има во голема мера.

Риби (20.02 – 20.03)

Работните обврски ги држите под контрола. На емотивен план се можни мали несогласувања. Сметате дека партнерот ни оддалеку не ги исполнува вашите очекувања. Најдобро ќе биде да ги намалите вашите афинитети или, пак, променете го партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП