Неодамнешниот извештај на Светската Здравствена Организација препорачува дека само пет проценти од дневниот внес на калории треба да содржат шеќер.
Откажувањето од слатките може да биде мачнo, особено за лицата кои не применуваат здрав начин на исхрана, но овие мали промени значат многу.
Појадок
Заменете го овошниот јогурт со класичен. Така ќе се изгубат 19 гр дополнителен шеќер кој би можеле да го внесете.
Ручек
Додадете само една лажица кечап во сендвичот, наместо две. Така ќе спречите дополнителни 4 гр шеќерк да влезат во вашето тело.
Не полнете ја цела чашата со сок, туку до половина. Така ќе спречите внес на дополнителни 14 гр шеќер.
Ужинка
Испијте половина шоља лате кафе и спречете 7 гр шеќер да влезат во вашето тело.
Десерт
Заменете го сладоледот со овошје. Половина банана и мраз измешајте ги во блендер. Така ќе го намалите внесот на шеќер за 14 гр.