Направете сами течност од листови од ловор и алкохол, а кога оваа течност ќе отстои седум дена процедете ја и користете ја како домашна терапија за ублажување на болките од деформитети на коските на стапалото, искривување на палецот и израстокот познат како кокалче.
Искривувањето на палецот на стапалото, или популарно познатото кокалче, е најчеста деформација на стапалото. Станува збор за странично искривување на палецот, или медицински халукс валгус, со што се зашилува предниот дел на стапалото и се создаваат болни коскени испакнатини на внатрешната страна на коренот на палецот.
Кој има кокалче има и болки. А лекот против ова речиси не постои. Меѓутоа, нема да биде се така црно ако купите ловоров лист. Пет листа од оваа ароматична билка истолчете ги или исцепкајте ги и прелијте ги со 100 милилитри алкохол. Течноста оставете ја да отстои седум дена, а потоа процедете ја и употребувајте ја како домашната терапија.
Најпрво добро потопете ги нозете во топла вода во која сте ставиле сода бикарбона, а кога ќе ги избришете, намачкајте ги со добиената смеса, облечете памучни чорапи и не ги отстранувајте до наредниот ден. Оваа терапија ги намалува болките, а можете да ја користите постојано.
Дури и обичен сапун е деловорен во ублажувањето на болките. Доволно е само да изрендате и да нанесете на болното место, добро да измасирате, да ги измиете нозете со вода, а потоа да ги премачкате со јод кога ќе се исушат и да облечете чорапи. Оваа терапија се повторува еден месец.