Соочете се со фактот дека лоша исхрана има лоши последици по вашето здравје, комплетниот организам, па и по вашата кожа и тен.
Научниците од Универзитетот во Њујорк открија дека храната која има висок гликемиски индекс, како што е оризот, компирот, лебот, како и намирниците и напитоците кои во себе имаат големо количество шеќер, можат да предизвикаат појава на акни.
Исхраната, која се базира на шеќер и скроб, може да доведе до пораст на нивото на инсулин и шеќер во крвта, што може да влијае на работата на хормоните.
„За здрава кожа на лицето и целото тело, сведете го внесот на јаглехидрати на 40 проценти од вашата севкупна дневна исхрана и елиминирајте ја гликемиската храна“, советува Валери Берковиќ, директор на одделението за исхрана во Центарот за избалансирано здравје во Њујорк.