Светската фудбалска федерација (FIFA) соопшти дека сите 800 тестирани играчи кои се дел од Мундијалот не се допингувани.
„FIFA“ исто така изјави дека не се допингувани ниту играчите кои биле избрани по средбите од првото коло од натпреварувањето во Бразил.
Според информациите „FIFA“ тестирала 91 процент од играчите од прелиминарните списоци од 30-те фудбалери кои беа објавени од страна на селекторите пред стартот на Светското првенство.
„Сите примероци пристигнуваат за помалку од 36 часа во Лозана и се обработуваат во рок од 24 часа. Превозот е одличен, вклучувајќи ја и испораката од Манаус“, вели шефот на медицинскиот тим на „FIFA“, Јиржи Дворак.
Светската антидопинг агенција (WADA) минатата година на лабораторијата во Рио де Женеиро и ја одзема лиценцата за работа.