Официјално започна нарачката на редизајнираниот „Golf GTI“.
Овој модел во основната верзија ќе чини 44.505 евра, што го прави моментално најскапиот „Golf“ на пазарот.
Редизајнираниот „Golf 8“, покрај козметичките промени, носи и помоќен мотор во моделот „GTI“ (на фотографиите).
Станува збор за 4-цилиндричен 2.0 TSI бензински мотор кој сега има 20 ks повеќе од претходниот „GTI“. На возачот на располагање му се вкупно 265 „коњи“.
Инаку, во втората половина од годината доаѓаат верзиите „GTI Clubsport“, „R“ и „4Motion“.
Интересно, иако „TDI“ останува во понуда, веќе нема модел „GTD“. Единствените опции се опциите 2.0-литарскиот „TDI“ во 115 и 150 ks.
Што се однесува до „обичните“ бензински мотори, сега има 1.5-литарски „TSI“, исто така достапен со 115 и 150 ks, во комбинација со мануелен менувач со 6 степени.
Постои и „eTSI“ варијанта на „лесниот“ хибрид со иста моќност, но поврзан со 7-степен DSG менувач.
Ако ја погледнеме понудата на хибриди, има два новитети. Првата е дека бензинецот 1.4 е заменет со бензинец 1.5 како дел од хибридниот погонски систем.
Втората е дека електричниот опсег е зголемен, како и брзината на полнење, сето тоа благодарение на речиси двојно поголемата батерија (19,7 kWh). Верзијата „eHybrid“ има 204 ks и автономија од 100 километри. Верзијата „GTE“ нуди максимални 272 ks.