18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалку банкроти и повеќе нови компании во ЕУ во првиот квартал од...

Помалку банкроти и повеќе нови компании во ЕУ во првиот квартал од 2024-та (ИНФОГРАФИК)

Во првиот квартал од 2024-та година, уделот на прогласените банкротства во ЕУ падна за 0,8 отсто во споредба со последниот квартал од 2023-та година, покажуваат податоците на Евростат. Истовремено, учеството на регистрираните нови бизниси се зголеми за 1,6%.

Податоците на Евростат покажуваат дека има нови компании регистрирани во ЕУ во сите сектори на економијата. Во однос на претходниот квартал, најголем раст во периодот јануари-март има во секторите образование, здравство и социјални дејности (5,2%), транспорт и градежништво (4,1%), сместување и угостителски услуги (3,7%).

Во однос на најавените стечаи, има разлики во одделните сектори во економијата. При разгледување на сферите на дејност, пад на стечаите има во два сектора: трговија (за 3,3% помалку) и градежништво (за 1,2% помалку). Сепак, значителен раст е забележан во транспортот и складирањето (за 15,2%) и во индустријата (за 9,1%).

Извор: Евростат

Најголем раст на новорегистрираните компании во првиот квартал од 2024-та година во однос на последниот квартал од 2023-та година има во Белгија (21,9%), Ирска (17,6%) и Италија (7,4%). Најсериозен пад на регистрациите има во Австрија (за 14,2%), Луксембург (11,4%) и Романија (10,3%).

Во однос на прогласените банкротства, нивното учество најсериозно порасна во Летонија (за 67,8%), Шведска (за 42,7%) и Романија (за 32,6%). Најзначаен пад на компаниите кои прогласија банкрот во првиот квартал од 2024-та година има во Грција (за 40% помалку), Германија (за 31% помалку) и Данска (за 19,6% помалку).

Во еврозоната прогласените стечајци се намалени за 2% во однос на претходниот квартал, а новорегистрираните фирми се зголемиле за 2,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП