25 јануари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Toshiba“ ќе отпушта работници во Јапонија

„Toshiba“ ќе отпушта работници во Јапонија

Јапонскиот гигант „Toshiba“ ќе укине до 4.000 работни места во земјата, бидејќи индустрискиот конгломерат го засилува процесот на реструктуирање по промената на сопственоста, пишува „Reuters“.

„Toshiba“ излезе на берза во септември со купување од 13 милијарди долари од конзорциум предводен од приватната компанија „Japan Industrial Partners (JIP)“. Со ова „Toshiba“ стави крај на цела деценија скандали и проблеми.

Напорите на конзорциумот да подготви план за враќање на „Toshiba“ на успех се гледаат како тест на приватниот капитал во Јапонија, кој таму нема многу добра репутација.

Реструктуирањето опфаќа до 6% од работната сила на „Toshiba“ во земјата. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги пренесе канцелариските функции од своето седиште во Токио во Кавасаки, западно од главниот град. Во исто време, гигантот цели на оперативна маржа од 10% во рок од три години.

Во изминатите неколку месеци, голем број компании во Јапонија најавија укинување на работните места, меѓу кои и „Konika Minolta“, козметичката компанија „Shiseido“, како и електронската компанија „Omron“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП