Јапонската Влада денеска го отфрли целосното откажување од нуклеарните централи и ја одобри програмата за развој на енергетиката, со кој се предвидува нуклеарките да останат нејзин важен дел.
Планирано е до 2020 година нивниот удел да се зголеми за 13,5 проценти, а до 2030 година централите на обновливи извори, вклучувајќи сончеви батерии и генератори на ветер, треба да дадат околу 20 проценти од електричната енергија.
Во програмата се наведува дека јапонската Влада се покајала поради тоа што поверувала во митот за целосна безбедност на нуклеарните електроцентрали. Но, врз основа на целосна проверка на нивното функционирање, Токио планира повторно да отвори некои од затворените нуклеарки. Во моментов одлука за обновување очекуваат десет реактори.
Пред хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“ во март 2011 година, нуклеарните централи обезбедуваа околу една третина од потребите од електрична енергија на Јапонија.