26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Членките на ЕУ мора да ги реформираат домашните економии“

„Членките на ЕУ мора да ги реформираат домашните економии“

mario2

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека ЕЦБ направила се што е во нејзина моќ со цел да ја стабилизира болната економија на Европа.

Според неговите зборови, сега е редот на националните влади да ги реформираат своите економии.

Марио Драги ги повика политичарите да стават ред во прекумерните прописи на пазарот за труд, кои предизвикаа високо ниво на невработеност меѓу младите, пренесува агенцијата АФП.

Во своето обраќање, Драги изјави дека владите на европските земји мора да ги ангажираат сите расположливи сретства за да го зголемат растот и своите економии да ги направат повеќе конкурентни.

ЕЦБ досега ја намали референтната каматна стапка на рекордно минимално ниво од 0,50 проценти, нудејќи евтини кредити за банките и претставувајќи го планот за купување на обврзници од задолжените земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП