Со атрактивен родстер, Mercedes најави серија строго лимитирани модели, чија цена нема да ја прашуваат клиентите. Првиот во серијата е Purespeed, кој наоѓа инспирација во легендарните тркачки автомобили и Формула 1.

Иако тоа не го кажува експлицитно, јасно е дека основата на овој концепт е моделот SL, чии светла ги задржал. Затоа е отстранета предната табла, па SL сега изгледа како ајкула од предната страна. Нема ниту ветробранско стакло, но поставена е рамка HALO како на болидот на Ф1, каде што се користи од 2018 година.
Надградбите зад седиштата се инспирирани од 300 SLR што го користеа Стирлинг Мос и Денис Џенкинсон за да победи на Mille Miglia во 1955 година, открива Mercedes. Бојата, која оди од црвената Ле Ман до графитно сива, е инспирирана од Мерцедесот кој го освои Targa Florio во 1924 година.
Поголемиот дел од остатокот од автомобилот ја наоѓа својата инспирација во хиперспортскиот Mercedes AMG One, а тука се вклучени и аеро делови од карбон и специјално дизајнирани бандажи.

„Мерцедес AMG PureSpeed Concept нуди поглед на она што е веројатно најдиректниот начин да се доживее перформансите и уживањето во возењето“, вели претседателот на AMG, Мајкл Шибе. “Радикално отворен, ниту покривот ниту шофершајбната не ги делат двајцата патници од елементите. Нефилтрираната светлина и воздух можете да ги доживеете со сите ваши сетила. Како концепт на нашето прво возило Mythos, тоа го отелотворува највисокото ниво на ексклузивност. Дизајнерски елементи како што е HALO, исто така, создава чувство на Формула 1“.

Сеуште нема информации за моторот, но најверојатно се работи за 4.0 V8 твинтурбо мотор, а има две опции: класичен со нешто под 600 КС и хибриден со над 800 КС. Каков и да е изборот на крајот, тоа ќе биде највозбудливиот SL во поновата историја.

Мерцедес го ограничува производството на само 250 примероци и тие ќе бидат достапни само за „најпосветените ентузијасти и колекционери на Mercedes-Benz“, според Mercedes. Јасно е дека цената не е објавена, и дека воопшто не е во фокусот на идните сопственици.

