Добитниците на Нобеловата награда и бизнисмени минатата недела не престанаа да го критикуваат биткоинот, валута која достигна 11.000 долари.
Најтешката проценка дојде од нобеловецот Јозеф Стиглиц, кој рече дека биткоинот треба да се забрани.
“Биткоинот е успешен само поради потенцијалот кој го има што се должи на анонимноста”, рече Стиглиц.
Како што додаде, биткоинот не е дури ни општествено корисен.
Роберт Шилер, исто така, добитник на Нобелова награда, ги повика инвеститорите да бидат внимателни, бидејќи биткоинот не е поддржан од владите или финансиските регулатори.
“Тоа е толку прекрасна приказна”, рече тој на конференцијата во Литванија, додавајќи: “Само кога таа би била вистинита”.
Директорот на “Голдман Сакс”, Лојд Бланкфајн, вели дека оваа валута е исклучиво средство за измама. Додека милијардерот Карл Ихан тврди дека е балон.
Сепак, сите критики не успеаја да влијаат на “дивеење” на биткоинот оваа недела.
Во петокот заврши со вредност од 10.700 долари.