За сума од 345.000.000 денари, или околу 5,6 милиони евра, новата власт ќе се задолжи на домашниот пазар, сума идентична која достасува за враќање на стари долгови.
Според проспектот за задолжување, објавен на веб-страницата на Министерството за финансии, станува збор за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.
Од новиот состав на Министерството за финансии потврдија дека дополнително ќе ги објават податоците за идните задолжувања до крајот на годината на новата власт.