Мартин Гарикс, во моментов број еден светски диџеј, ќе настапи како хедлајнер на фестивалот „Скопје колинг 2017“ на 23 јуни, на стадионот АРМ во Градки парк. Ова е прво доаѓање на Мартин Гаркис во регионот.
Познатиот диџеј светската слава ја стекнува на 17 години со хитот „Анималс“, а во моментов е актуелен со хитовите „Во име на љубовата“, „Страв ми е да сум сам“, песни што буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.
Пред диџеј сетот на Гарикс, на фестивалот „Скопје колинг“ ќе настапат и повеќе музички имиња и диџеи од регионот, како Алекс Адаир, специјален гостин е Џакс Џонс, а поддршка ќе им бидат домашните Дуо З и Галоски. Лани на „Скопје колинг“ настапија диџеите Дејвид Гета, Робин Шулц и Кунгс.