Четиридневниот штрајк на грчките железничари, што требаше да трае од денеска до петок, е одложен, соопшти доцна синоќа Синдикатот на вработените во грчката железница „Треносе“.
Во соопштениeто се посочува дека денеска и утре железничкиот сообраќај во Грција ќе се одвива нормално, а наместо четиридневен, во четврток ќе биде одржан 24-часовен штрајк.
Согласно новата одлука на Синдикатот, в четврток нема да сообраќаат меѓународните и меѓуградските возовите, како ни градската железница во Атина.
Синдикатот го организира штрајкот поради незадоволството на вработените од условите за работа и од состојбата на железничката инфраструктура.