16 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНАУКАТА ДОКАЖА: Подебелите жени раѓаат поинтелигентни деца

НАУКАТА ДОКАЖА: Подебелите жени раѓаат поинтелигентни деца

Во споредба со женките на другите цицачи, жените имаат поголем процент на телесни масти, околу 30 проценти. Тоа долго време ги заинтригира научниците, а професорот Вил Ласек од Универзитетот во Питсбург се чини дека конечно ја расветли мистеријата.

Имено, маснотиите присутни во задникот и бутовите на жените им помагаат на развојот на мозокот на нивните идни деца.

„Потребни се многу масти за развојот на нервниот систем, а маснотиите кои се наоѓаат во овие области содржат докозахексаеноинска киселина (DHA), која е примарна структурна компонента на церебралниот кортекс на човечкиот мозок“, објасни Ласек.

„Изгледа дека жените еволуирале за да ја акумулираат оваа добра маснотија пред да дојде бебето“, рече тој, додавајќи дека бебето добива 80 проценти од потребната DHA од маснотиите што мајка му ги акумулирала од половината надолу.

Преносот се јавува првенствено за време на доењето. „Затоа жените брзо слабеат додека дојат“, истакна Ласек.

За Дејвид Бејнбриџ, биолог од Универзитетот во Кембриџ, повеќе од јасно е дека жените со облини раѓаат поинтелигентни деца.

Несвесно, од памтивек, мажите биле повеќе наклонети кон такви жени бидејќи нивните деца биле посилни и попаметни и затоа имале повеќе шанси да преживеат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП