17 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТВучиќ: Македонците најмногу ме погодија

Вучиќ: Македонците најмногу ме погодија

Српскиот претседател Александар Вучиќ при синоќешното гостување на српската ТВ Прва го коментираше гласањето на Резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура доставија предлог за резолуција за геноцидот во Јасеновац.

„Црна Гора никогаш нема да донесе закон, резолуција или декларација за геноцидот во Јасеновац. Нема, сами го кажаа тоа, туку сами го кажаа, мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и тогаш сите ќе заборават на тоа, уверен е Вучиќ.

„Ви кажувам однапред и подготвен сум да се извинам ако не се случи така и најсреќен би бил да се извинам, но за жал нема да има потреба да се извинувам“, продолжи тој. Тој истакна дека „најодвратно го смета однесувањето на Црна Гора“ во однос на Резолуцијата за Сребреница.

„Не ме разочараа, затоа што тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (на црногорскиот премиер) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат за. Нема да им испратиме ни протестна нота затоа што гласаа дека сме геноцидни“, изјавил српскиот претседател, пренесува Нова.рс.

Тој изјави дека „посилно го погодила Северна Македонија“. „Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно. Црна Гора не ме погоди, ме погоди поради нашите луѓе“, заклучи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП