Австралија повеќе нема да издава визи за странски работници кои ги полнат работните места во индустријата за брза храна, изјави министерот за имиграција Питер Датон.
Тој рече дека одлуката е донесена со цел да се заштитат работните места на Австралијанците.
Од 2012 година, повеќе од 500 вработени странци добиле виза, позната како виза 457, да работат во разни компании како на пример McDonald’s, KFC и Hungry Jack’s.
Визите за квалификувани работници, со цел да се пополни недостатокот во Австралија, исто така се однесуваат и за членовите на нивните семејства.
„Мора да им се даде приоритет на Австралиските работници, особено младите Австралијци“, рече Датон објаснувајќи ја промената. Тој додаде дека останува можноста за одобрување виза под исклучителни околности.