По повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на „Матица македонска“, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, започнуваат серија средби и разговори со македонските автори кои се дел од годините на Матица македонска.
Во текот на оваа седмица ќе бидат организирани пладневни книжевни средби со писателите Стојан Тарапуза, Димитар Пандев, Катица Ќулафкова, Оливера Николова и Весна Мојсова Чешишевска. Љубителите на македонската книга низ разговор со познатите писатели ќе имаат можност изворно да се запознаат со нивните новообјавени дела, воедно и да добијат авторска посвета.
Пладневните книжевни средби ќе започнуваат во 13 часот.
Во понеделник на програмата е Стојан Тарапуза „Од изгрев до залез“, во вторник Димитар Пандев „Меѓу црквата и чаршијата“, во среда Катица Ќулафкова „Златен пресек“, во четврток Оливера Николова „Кадифена прекривка“, во петок Весна Мојсова Чепишевска „Семеен албум“.