20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Што ќе се случи на пазарите во развој во...

График на денот: Што ќе се случи на пазарите во развој во 2016-та?

razvoj zemji 30

Малкумина го оспоруваат фактот дека 2015-та година беше лоша година за новите пазари. Растот на БДП е одложен веќе шеста година по ред, додека пред динамичните економии кои генерираат поголемиот дел од глобалниот просперитет од над деценија, ставени во дури потешки времиња.

Затоа прашањето е што ќе се случи со светот во развој во 2016-та година е од витално значење. Изненадувачки, има некои релативно позитивни вести. Предвидувањата на повеќето економисти предвидуваат или благо закрепнување на просечниот раст на БДП на пазарите во развој, или барем стабилизација околу нивоата во 2015-та година.

„Пазарите во развој стапнуваат на нозе“ е насловот на извештајот со идните перспективи за следната година на „Goldman Sachs“.

„По шест години на постојано намалување на растот во развиените економии, нашите економисти очекуваат раст, и тоа на стапките на раст во Мексико и Централна и Источна Европа – претежно Полска и Унгарија, ќе бидат стабилни, а сликата во Азија ќе биде повеќе од мешана“, се додава во извештајот.

razvoj zemji 31111

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се согласува со овие тврдења, предвидувајќи обновување на просечниот БДП на пазарите во развој од 3,9% во оваа година и до 4,5% во 2016-та година. „Consensus Economics“ смета дека растот во Латинска Америка ќе се опорави од -0,8% во оваа година до 0,2% во 2016-та година, во Источна Европа – од -0,2% до 1,7%, а во Азија (со исклучок на Јапонија) сосема малку ќе се намали од 5,8% до 5,7%.

Аналитичарите, сепак посочуваат дека изгледите за такво обновување едвај се причина за славење. Длабоките структурни слабости, кои се натежна силно врз пазарите во развој, во голема мера остануваат некорегирани. Моторите на раст во Кина се во застој, нивото на долгови се креваат, а голем дел од светот во развој останува ранлив од потенцијално затегнување на монетарната политика во САД.

„Во моментов има неколку работи кои можат да доведат до силно закрепнување на растот. Пазарите во развој се уште не доживеале катарза од криза или реформи. Тие остануваат заглавени сами во мочуриштето“, вели Бхану Бауеџа, стратег во „UBS“.

razvoj zemji 32222Поради оваа причина аналитичарите не гледаат враќање на моторните сили кои ја движеа светската економија во почетокот на векот, кога земјите од светот во развој придонесоа со околу 75% за глобалниот БДП, тврди „Goldman Sachs“. Навистина, во просек стапката на раст на БДП во земјите во развој ќе го надмине оној во развиените земји само со 2,1% во следната година, што е многу под 7-те проценти во 2009-та година, коментира Бауеџа.

Еден од главните проблеми е долгот. Како процент од БДП, долгот на приватниот сектор (домаќинства и компании) на новите пазари е многу над 100% и над нивото на развиените пазари во пресрет на финансиската криза од 2008-2009-та година.

Не само што ова ги прави пазарите исклучително ранливи од зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД, но и значи дека компаниите на пазарите во развој трошат толку голем дел од својот профит, за да ги подмират долговите, па така не им остануваат речиси ништо за инвестирање.

Ваквиот развој е особено јасно изразен во Кина, каде што данокот на долг се зголеми до 160% од БДП, или 16,1 илјади милијарди долари – двојно повеќе од долгот на САД, тврди рејтинг агенција „Standard & Poor’s“. Овие долгови кои според Агенцијата ќе се зголемуваат уште повеќе до 28,5 илјади милијарди долари во 2019-та година.

Џон-Пол Смит, партнер во инвестицискиот советник „Ecstrat“, вели дека Кина – која е попречувана и од тешката индустриска прекумерна продуктивност и смалувањето на корпоративните профити, може да се покаже како е една од најслабите алки во универзумот на пазарите во развој во текот на следната година.

„Слабеењето на економиите на новите пазари ќе е посилно во споредба со консензус очекувањата, а лидер во овој поглед ќе е Кина, каде што голем дел од корпоративниот сектор е на работ на ликвидна криза“, вели Смит.

Трговијата исто така не нуди особена утеха. Глобалната трговија се намалила во првата половина на 2015-та година во спротивност со двете децении пред финансиската криза, кога проценките за трговијата во земјите во развој беше зголемена за десеткратно до 10 илјади милијарди долари во 2008-ма година. Тензиите во Кина покажуваат значителна тежина како супституција на увозот кој е  комбиниран со префокусирање кон економијата, управувано од услугите, поради што се забележува опаѓање на побарувачката за увоз во втората најголема економија во светот.

razvoj zemji 33333Структурните промени, кои ги мачат пазарите во развој, сепак може да се покажат повеќе фундаментално важни од тешките долгови, хронично индустриски прекумерната продуктивност и намалената стопанска динамика. За некои аналитичари „моделот на раст“ на пазарите во развој – кој се потпираше на обезбедување на кредити од вишокот на тековната сметка, насочени кон развиените економии за напојување на потрошувачките трошоци на Запад.

Основните економските потреси на Европа и Јапонија, заедно со неможноста потрошувачката во САД да го достигне нивото пред кризата, ја обесхрабрува глобализацијат на енергии во светот. Додека во 90-тите години секој дополнителен долар на БДП доведе по три долари од трговијата, соодносот во моментов е еден спрема еден, тврди „Goldman Sachs“.

Алберто Гало, раководител на истражувањата во макро кредитите во инвестициската банка „RBS“, придава дел од вината на она што тој го нарекува „склоност кон квантитативно олеснување“ – повторливи циклуси на исклучително поволната монетарна политика, прогонувани од централните банки, преплавениот свет со евтини пари.

Квантитативно олеснување, вели тој, помогна веднаш по кризата, но не е „бесплатен ручек“. Несакани ефекти од „надуените балони“ со средства и ја забрзаа значително акумулацијата на корпоративниот долг и индустриски обилното снабдување.

„Седум години по финансиската криза нашите економии се ограничени од неубедлив раст, постојана невработеност и растечката нееднаквост“, вели Гало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП