6 јули, 2025
ПочетнаСВЕТЗеленски: Ова беше мојот најпродуктивен разговор со Трамп досега

Зеленски: Ова беше мојот најпродуктивен разговор со Трамп досега

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како „најдобар во целиот овој период“, наведувајќи дека бил „максимално продуктивен“.

Во вечерното обраќање на 5 јули, Зеленски истакна дека главна тема на дискусија биле системите за воздушна одбрана, особено американскиот систем „Патриот“, кој Киев го смета за клучен за одбрана од руски балистички ракети.

„Патриот е клучен за заштита од балистички ракети. Разговаравме и за неколку други важни теми што нашите тимови ќе ги разгледаат детално на претстојните состаноци“, рече Зеленски.

Разговорот меѓу двајцата лидери се одржал на 4 јули, а според Зеленски, постигнат е договор за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во време кога Русија ги засилува нападите врз украинските градови.

„Ова беше веројатно најдобриот разговор во целиот овој период, беше максимално продуктивен. Разговаравме за темата за воздушна одбрана. Благодарен сум за подготвеноста да помош“, рече Зеленски.

Разговорот се одржа еден ден откако Трамп разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, обидувајќи се, како што рече, да отвори простор за крај на војната.

Трамп им рече на новинарите на 3 јули дека разговорот со Путин не довел до никаков напредок.

„Многу сум разочаран од разговорот што го имав со претседателот Путин денес. Бидејќи не мислам дека сака да престане. И тоа многу ме разочара“, рече американскиот претседател.

Односите меѓу Украина и САД претходно беа затегнати поради притисокот од Белата куќа Киев да потпише профитабилен договор за експлоатација на минерали, како и поради обидите за наметнување мировен договор со Москва што не исклучува големи територијални отстапки од Украина.

Разговорот на Зеленски со Трамп се случува во момент на пауза во американската воена помош за Украина, за што претходно објавија американските медиуми. На 3 јули, Трамп ги отфрли тврдењата дека Вашингтон ги суспендирал испораките на оружје, нарекувајќи ги неточни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар