6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајлошата храна во утринските часови: Седум грешки во вашиот појадок

Најлошата храна во утринските часови: Седум грешки во вашиот појадок

322357665561cf148e3096995857186_w640

Идеалниот појадок се состои од намирници богати со протеини и прехрамбени влакна кои ни даваат енергија за почеток на работниот ден.

Без оглед на тоа каков став имате кон првиот утрински оброк, тој може да го подобри вашето здравје. Проблемот настанува кога одбираме калориски „бомби“, односно намирници полни со шеќер и масти кои имаат спротивен ефект од саканото.

1. Избегнуваме протеини

Кремасто кафе и колачето како мафин се чест избор ако првиот утрински оброк го јадеме на нозе, надвор од домот. Станува збор за фина комбинација за очите и желудникот на која, за жал и недостасуваат протеини. Истражувањата покажале дека појадокот базиран на протеини ја урамнотежува количината на шеќер во крвта и ги намалува наглите напади на глад. Обидете се да го започнете денот со тврдо варени јајца и јаболко, или јогурт во кој сте додале чиа семе.

2. Претеруваме со сокови

Овошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но не е алтернатива за конзумирањето на овошје, за споредба, еден просечен портокал има околу 60 калории, додека чаша сок од истото овошје има речиси двојно повеќе. Притоа треба да се знае дека на сокот му недостасуваат хранливите влакна, кои изобилуваат во природното овошје. Најновото истражување покажа дека лицата кои пијат многу сокови имаат повисок крвен притисок од оние кои тоа го прават повремено.

3. Јадеме погрешни масти

Познато е дека на телото му требаат масти за да може нормално да функционира. Но, тоа не значи дека треба да се претерува со нив, а особено ако станува збор за заситени масни киселини како путер или сланина. Познатата њујоршка нутриционистка Бони Туб-Дикс предлага правилна дистрибуција на мастите, па за појадок препорачува комбинација на здрави масти како грчки јогурт со малку сецкани ореви.

4. Додаваме вештачки засладувачи

Ако нешто нема калории, не значи дека нема и негативни последици врз нашето тело. Студија од магазинот Nature покажала дека вештачките засладувачи можат да ја нарушат рамнотежата на бактерии во желудникот кои резултираат со зголемена потреба за фруктоза за да се чувствуваат задоволни. Нутриционистот Брук Алперт сугерира пиење кафе без никакви засладувачи, но со додаток зачини како цимет кој ќе ја поттикне работата на метаболизмот.

5. Предолго чекаме за да појадуваме

Ако првиот оброк во денот го јадеме дури после неколку часа од будењето, односно кога ќе ве потсети крчењето на желудникот, поголеми се шансите дека ќе претераме со конзумација на храна и ќе завршиме со некоја калорична „бомба“ во рацете. Иако не постои официјален распоред кога би требало да го изедеме првиот оброк во денот, треба да внимаваме да не се прегладнуваме.

6. Не внимаваме на големината на намирниците

Верувале или не, големината на намирниците влијае и на количината на храната која ја внесуваме во организмот. Студија од Универзитетот Пен Стејт покажала дека луѓето јадат и до 18 калории повеќе по оброк кога конзумираат пченкарни снегулки со помала форма. Главната причина за тоа е што ја мериме посакуваната количина од око. Наместо тоа, користете кујнска вага и изедете точно онолку храна колку што му е потребна на вашиот организам.

7. Јадеме преобилни оброци

Прескокнувањето на појадокот има негативно влијание врз организмот исто како и преобилниот оброк. Големите количини на храна го оптоваруваат телото, го забавуваат метаболизмот и ќе ве успијат. Наместо тоа, треба да бирате оброци составени од балансиран однос на протеини и јаглени хидрати кои ни даваат доволно енергија за почеток на работниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП