28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем месечен пад на Волстрит од 2012-та година

Најголем месечен пад на Волстрит од 2012-та година

Wall-Street1

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот и за цел август забележаа најголема месечна загуба од 2012-та година, бидејќи инвеститорите стравуваат дека Fed веќе во септември ќе ги крене каманите стапки.

Dow Jones ослабна вчера 114 поени или 0,69 отсто, на 16.528 поени, додека S&P 500 се спушти на 0,84 отсто, на 1.972 поени, а Nasdaq се намали за 1,07 отсто на 4.776 поени.

До неодамна инвеститорите се надеваа дека американската централна банка поради потресите на светските берзи, предизвикани од забавувањето на растот на кинеската економија, ќе го одложи зголемувањето на клучните каматни стапки до крајот на оваа или дури за следната година.

Но, на состанокот на централните банкари во Џексон Хол за време на викендот повеќе функционери на Fed порачаа дека и покрај потресите на финансиските пазари можно е зголемување на каматите веќе во септември, ако до половината на месецот се смират берзите.

„Пораките од Fed говорат дека зголемувањето на каматите е можно во септември. Доколку централната банка навистина повлече таков потег, тоа ќе предизвика дилеми кога ќе сопре таквиот процес“, вели Стивен Масока, директор во фондот Wedbush Equity Management.

Речиси цела деценија Fed не ги зголемуваше каматите, а со оглед дека долго време ги држи на рекордно ниско ниво од речиси нула отсто, евтините пари им пружаа голема поддршка на берзите.

Дали Fed веќе во септември ќе ги крене каматите зависи и од новите макроекономски извештаи. Доколку покажат дека забрзува растот на американската економија, а инфлацијата зајакнува, тоа ќе значи дека е можно зголемување на каматите.

Поради тоа во фокусот на вниманието на инвеститорите во следните денови ќе бидат новите економски показатели, особено оние за вработеноста во август.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека во август во САД бројот на вработени пораснал за 220.000 и дека стапката на невработеност останала на 5,3 отсто, најниско ниво за последните седум години.

„И натаму очекуваме значителни падови на берзите се додека не добиеме појасни насоки од Fed по прашањето за каматите“, вели Џон ДеКлу, директор во фондот U.S. Bank Wealth Management.

Поради тоа цените на акциите паднаа во девет од 10 сектори на S&P 500 индексот. Единствено, за 1,05 отсто порасна енергетскиот сектор, што се должи на силното закрепнување на цената на нафтата, откако на почетокот на минатата недела потонаа на најниско ниво за шест ипол години.

Поради стравувањето од зголемувањето на каматите во САД и последиците од забавувањето на кинескиот раст, во август S&P 500, Dow Jones и Nasdaq потонаа помеѓу 6,3 и 6,9 отсто.

Ова за Dow Jones е најголем месечен пад од мај 2010-та година, додека S&P 500 и Nasdaq забележаа најголем месечен пад од мај 2012-та година.

И европските берзи во август забележаа најголем месечен пад за последините четири години. Франкфуртски DAX, париски CAC и FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании загубија околу девет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП