„Google“ ќе го одржи својот настан „Made by Google“ на 20-та август, а се очекува и „Pixel Watch 4“ да биде најавен на тој датум, иако тоа сè уште не е потврдено, како што објави „Android Headlines“.
Вреди да се напомене дека минатата недела „Google“ испрати покана до некои среќни „Pixel Superfans“, поканувајќи ги да го видат следниот „Pixel“ пред кој било друг на 25-ти јуни.
Ова наведе многумина да веруваат дека „Pixel 10“ ќе биде лансиран порано оваа година, но тоа не е вистина. Ќе биде најавен на 20-ти август 2025-та година.
Ако очекувавте голема промена во дизајнот од „Pixel 9“, ќе бидете разочарани, бидејќи претежно ќе изгледа како „деветката“.
Добрата вест, сепак, е дека „Google“ ќе го задржи моделот „Pro“ за „Pixel 10“ – па генерално, очекувајте „Pixel 10“ и „Pixel 10 Pro“ со иста големина на екранот, како и „Pixel 10 Pro XL“ со поголем екран и преклопливиот „Pixel 10 Pro Fold“.