22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Грците брзо го заборавија „кешот“ и ја спасија државата од 5...

Како Грците брзо го заборавија „кешот“ и ја спасија државата од 5 млрд евра даночно затајување

kartichki

Откако државата и банките на грците пред еден месец им ја ограничија можноста за подигнување готовина на банкоматите, многумина беа во шок. Грција, сепак, е земја во која царуваат, вистинските, шушкави пари кои се држат во раце.

Колку готовината е цената во таа земја, може да се види и од најновото истражување на компанијата за картички VISA. Во Европа од секои шест потрошени евра, еден се троши преку тие картички, додека во Грција се троши само едно евро на секои 37, што е шест пати помалку.

Но во многу краток рок, се случи голема промена. „A. T. Kearney“ проценува дека големината на сивата економија во Грција е над 43 милијарди евра и дека таа сочинува 24 проценти од БДП на Грција, а дека поради оваа трансформација би можела радикално да се намали во буџетот и да донесе пет милијарди затаени евра.

Грците веднаш сватија дека електронските системи за плаќање продолжија вообичаено да работат. И покрај раширената перцепција за тоа дека луѓето немаат како да стигнат до своите пари и мораат да чекаат пред банкоматите за да можат да купат храна, картичките беа прифатени во продавниците, рестораните и сличните продажни места.

Се проценува дека бројот на трансакции преку картичките по затворањето на банките на 29 јуни за неколку дена пораснаа за 130 проценти, а прометот со „пластичните пари“ е двојно зголемен. Причината е што голем дел од жителите започнале да користат кредитни и дебитни картички за секојдневните пазарувања во супермаркетите, на бензинските станици и во другите продавници.

За пораст на безготовинските трансакции придонесе и издавањето на кредитни и дебитни картички за пензионерите и останатите клиенти на банките кои немаат електронски пристап до своите сметки.

Во само неколку дена банките издале повеќе од 500.000 нови дебитни картички, а во неколку дена по забраната за подигнување на готовина, издадени се 40.000 нови PIN-ови за електронско банкарство, а многу неактивни корисници побрзале за да ги активираат своите онлајн сметки.

Во нормални околности, земјите настојуваат побавно да преминат од економијата заснована на готовина на системот со електронско плаќање, наведуваат од VISA, која повикана од овие промени спроведе истражување. Велат дека на Обединетото Кралство му требале речиси десет години за безконтактното плаќање да стане „mainstream“ додека во Грција се покажа дека овој вид на трансформација може да се случи и за десет недели.

Грчката влада е задоволна, но не затоа што на луѓето им е полесно да плаќаат со „пластика“ отколку да чекаат готовина пред банкоматите. Она што неа ја весели е што очекуваат дека ќе има помалку избегнат данок, повеќе приходи во буџетот и намалување на сивата економија.

Контролата на движењето на капиталот го наметна лимитот кој и понатака ги ограничува Грците на подигнување на 60 евра готовина дневно. Сепак, и покрај медиумскиот фокус на долгите редови пред банкоматите, вистинската реакција на Грците беше едноставно да ги користат картичките наместо готовина кога ги купуваат потребните работи – намирници, лекови и гориво.

„Visa Europe“ за две недели од воведувањето на контролата забележала 135 проценти зголемување во трансакциите во споредба со периодот од 14 дена пред контролата. Тоа значи дополнителни 50 милиони евра.

Потрошувачката за намирници забележала најголем пораст, за дури 234 проценти, а здравството за 206 проценти. За гориво, порастот изнесувал 193 проценти.

Интересно, оваа промена во грчката психологија за потрошувачка и однесување е зголемена во деновите кога се случувале значителни политички промени, кога со истражувањето се забележани значителни зголемувања. Најголемата промена е забележана на 4 јули, ден пред референдумот, со 163.000 трансакции, што е зголемување од 235 проценти во однос на истиот ден една година претходно.

Во последните денови од преговорите околу спасувањето, забележани се слични зголемувања.

Многу компании сега настојуваат на брзина да ги инсталираат POS системите за плаќање со картички, но не сакаат сите обичен POS, низ кој поминува картичката и се впишува пинот. Од Visa наведуваат дека еден ланец ресторани и кафичи со повеќе од 300 продажни места во моментов не прима картички, но сака да инсталира бесконтактни терминали за плаќање.

Мобилните POS системи започнаа да ги носат агентите за продажба на осигурување, а ги нарачуваат и таксистите.

Се очекува дека исфрлувањето на готовината, која им се допадна на традиционалните Грци, но и на избегнувачите на данок, ќе биде добро за грчката економија.

Најголема корист се очекува во борбата со сивата економија и избегнувањео на плаќање даноци. „A. T. Kearney“ проценува дека износот на сивата економија во Грција е поголем од 43 милијарди евра и дека таа изнесува околу 24 проценти од БДП на Грција. Грчките медиуми известуваат дека плаќањето со картички на крајот би можело да донесе повеќе од пет милијарди евра приходи за државата.

Во Грција го видовме брзиот круг, заклучуваат во истражувањето. Како потрошувачите се завртеа кон картичките, така тоа го направија и компаниите и банките. Тоа го разбива митот дека потрошувачите, компаниите и општеството се потпираат на готовината за да функцонираат. Лекцијата е дека промената на економијата кон е-готовински плаќања не е тешка промена.

Се проценува дека 10 проценти од европската сива економија би можеле да бидат поправени преку е-плаќањето, проценуваат од оваа компанија и најавуваат дека оваа година ќе инвестираат 200 милиони евра во иновациите кои ќе ги поедностават безготовинските плаќања и ќе ги направат побезбедни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП