1 јули, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПравославните христијани го празнуваат Задушница - спомен на мртвите

Православните христијани го празнуваат Задушница – спомен на мртвите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден.

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар