2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРежисерот Дени Бојл го претстави првиот трејлер за филмот ‘Стив Џобс’ (видео)

Режисерот Дени Бојл го претстави првиот трејлер за филмот ‘Стив Џобс’ (видео)

stiv-jobssssbsbs

Првиот трејлер од филмот посветен на Стив Џобс го претстави во четвртокот режисерот Дени Бојл.

„Пред нас е претставен човекот кој е способен да се спротистави на толпата и на закоравеното јавно мнение. Правејќи го тоа, тој се создава за сите нас еден нов свет“, коментираше KPCC по повод претставувањето на трејлерот.

Во американските медиуми се коментира дека во филмот е направен обид да се покаже големината на личноста на еден од основачите и челниците на технолошкиот гигант Apple. Во трејлерот е содржана сцената кога Стив Џобс му се обраќа на својот подреден ‘Имате три седмици да ја завршите работата. Не заборавајте дека светот е создаден за третина од тоа време“.

Улогата на Стив Џобс ја толкува ирскиот актер од германско потекло, Мајкл Фасбендер.

Филмот, чиешто сценарио го напиша Арон Соркин, е базиран на познатата книга на Волтер Ајсексон „Стив Џобс“(Steve Jobs: A Biography, од 2011-та). Таа е една од најдеталните од постојните биографии на Џобс.

Холивудските портали, повикувајќи се на запознаени со работата на филмот, пишуваат дека делото е поделено на три дела, од кои секој раскажува за тоа како се создава еден од веќе легендарните производи на компанијата Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП