На 20 мај, за време на посетата на Курската област, хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше во центарот на масовен напад од страна на украински беспилотни летала, изјави командантот на руската дивизија за воздушна одбрана, Јуриј Дашкин.
Како што изјави Дашкин за телевизискиот канал „Россија 24“, Путин беше во работна посета на Курската област на 20 мај и по тој повод одржа состанок со локалните власти.
Рускиот претседател истакна дека ги има сите информации за ситуацијата во Курската област, бидејќи владата, како и војската и специјалните служби, го известуваат за тоа.
„За време на посетата, хеликоптерот на претседателот се најде во центарот на непријателски напад со беспилотни летала“, рече Дашкин.
Нападот е успешно одбиен
Според него, и како што може да се види на видеата прикажани на телевизискиот канал, нападот е успешно одбиен, а руската армија целосно ја зачува безбедноста на претседателот.