25 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАквизиција за 6,5 милијарди долари: OpenAI го купува стартапот на поранешен дизајнер...

Аквизиција за 6,5 милијарди долари: OpenAI го купува стартапот на поранешен дизајнер на Apple

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI објави дека ќе го купи стартапот Io на поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв, за 6,5 милијарди долари, што ќе биде платено со акции.

Џони Ајв работеше во Apple речиси триесет години и учествуваше во развојот на десетици производи на компанијата од Купертино, вклучувајќи ги iPhone, iPad и MacBook.

„Тој го напушти Apple во 2019 година и почна да развива свои проекти, а уште во 2023 година беше објавено дека Ајв разговарал со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, за создавање на првиот уред што би бил посоодветен за користење на вештачка интелигенција од обичните паметни телефони“, објавува TechCrunch.

Развојот на засега мистериозниот уред е во тек, а изворите наведуваат дека ќе биде со џебен формат, без екран, ќе може да се прилагоди на контекстот на ситуацијата и дека нема да бидат паметни очила.

Алтман им рекол на вработените во OpenAI дека имаат „шанса да го направат најголемото нешто што некогаш го направиле како компанија“, објави Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на внатрешни извори во фирмата.

Планирано е овој производ да се појави на пазарот до крајот на 2026 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП