28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМебел од човечка коса, светилка од глуварче изложени во Лондон

Мебел од човечка коса, светилка од глуварче изложени во Лондон

vlakna33

Мебел направен од човечки влакна и светилка од глуварче се едни од експонатите на новата изложба во лондонскиот музеј „Victoria & Albert“ под наслов „Што е раскош?“ (What is Luxury?), којашто ќе трае до 27-ми септември.

Авторите на поставката се обиделе да му пријдат на главното прашање од насловот на изложбата од различни аспекти, анализирајќи ги значењата коишто луѓето ги темелат во поимот „раскош“ и „луксуз“, за ги покажат конкретните манифестации на овие значења, па дури и да се погледне во иднината.

Во првиот изложбен салон од галеријата секој простор ќе претставува засебен аспект на поимот „луксуз“. Светилката, чијашто секоја сијалица е опкружена со глуварче претставува „невообичаеност“, најдобрите венециски чипки од XVII век и современите часовници „Vecheron Constantin“, пак, „прецизност“, „вештина“… Покрај тоа „ексклузивноста“ е единствениот случај со модели направени со помош на поврзување на стари технологии и ултрамодерните, „задоволството“ го претставува седиште за на слон инкрустрирано со скапоцени камења, „страста“ шашка од златна срма, на чијашто изработка мајсторот потрошил 2.500 часа.

Во најавата на изложбата објавена на интернет страницата на музејот е претставен и авторот на еден од експонатите кој присуствувал на прес-конференцијата во Лондон – камен опточен со 24-каратно злато, со специјална кожна облога која ја повторува неговата форма.

„Секој сака да најде на морски или езерски брег рамен тенок камен, да го фрли да прави ‘жабички’ по површината на водата потскокнувајќи по неа. Така и дојдов до ‘совршениот’ камен, прошиен со ремени. Кој ќе го купи каменот, ќе може да го фрли по повод некој свечен настан. А оној којшто ќе го пронајде може да го користи како сака“, вели авторот Доминик Вилкокс. Вели дека од обичните предмети прави невообичаени нешта.

Доколку првиот салон е одраз на традиционалните поими за луксузот, следните два се посветени на барањето одговор на други прашања, како на пример, каква е спротивната страна на раскошот или, пак, што ќе се смета за раскош по неколку децении? И одговорите на авторите на поставката се многу неочекувани.

Чудно обликуван мебел изработен од проѕирна пластика го изразува мислењето на авторот за тоа како во 2052 година, кога пластиката ќе стане редок и скап материјал, ќе се појави нова професија – мајстор за пластика. Во друга гарнитура мебел има тоалетно столче со огледало и табуретки, изработени од материјал кој не може веднаш да се препознае, односно од човечки влакна.

„Идејата за создавање ентериер и предмети за домаќинството од влакна се појави од проучувањето на феноменот на трговијата со човечки влакна во Кина. Косата се селектира според нијансите, се мие, се исправа, а потоа се потопува во смола. Смолата се стврднува, и кога добива форма на пласт се сече, накусо се прави со неа сé што е неопходно да се направи каков и да е предмет“, се вели во текстот на кураторите на изложбата.

Се додава дека она што се добива на крајот „потсетува на слонова коска, на ретки видови дрво, и е неповторлив предмет со извонреден дизајн. Тоа е еден од наједноставните материјали за да се добие луксузен предмет“.

Изложбата, исто така, ја анализира штетата којашто му ја нанесува на светот што нé опкружува стремежот на човекот кон „удобниот живот“. На пример, производството на електронска техника е доволно „валкано“ од еколошкиот аспект на производство. За да се демонстрира ова, уметникот земал токсична кал од дното на езеро во Монголија и обликувал од неа керамички садови. Димензиите на садовите симболички ја одразуваат големината на штетата што ѝ се нанесува на природата при производството на смартфоните, лаптопите или батеријата за електричните возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП