Глобалните цени на акциите нагло пораснаа минатата недела, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.
На Волстрит минатата недела, Dow Jones порасна за 3,4 проценти, на 42.654 поени, додека S&P 500 скокна за 5,3 проценти, на 5.958 поени, а индексот Nasdaq порасна за 7,2 проценти, на 19.211 поени. Овие индекси најмногу пораснаа во понеделникот, бидејќи САД и Кина постигнаа договор за привремено намалување на реципрочните тарифи на разговорите во Швајцарија минатиот викенд.

