2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Ципрас согласни за неопходноста од спроведување на структурните еформи

Меркел и Ципрас согласни за неопходноста од спроведување на структурните еформи

merkel-cipras53454

Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот изразија желба за заздравување на грчката економија и се согласија околу неопходноста од спроведување на структурните реформи.

„Сакаме Грција економски да зајакне, сакаме Грција да оствари економски раст, а над сé сакаме да ја надвладее невработеноста. За да го постигнеме, потребни ви се структурни реформи, цврст буџет и ефикасна администрација“, изјави германската канцеларка Меркел на заедничката прес-конференција за новинарите со грчкиот премиер Алексис Ципрас кој првпат престојува во Берлин како шеф на влада.

Иако разликите и натаму остануваат, Меркел додаде дека на разговорите меѓу двете страни биле „изразен апетит за соработка“.

Ципрас од своја страна вети спроведување „сеопфатни структурни реформи“, но исто така ја истакна и неопходноста од ублажувањето на еконосмките и социјалните проблеми настанати како резултат на пакетот (меѓународна финансиска) помош“ во замена за строгите мерки за штедење.

Програмата за итна помош на Грција, рече Цирпас, не е некаква „успешна приказна“, укажувајќи на високата стапка на невработеност и драматичното уривање на економијата, наведувајќи го податокот за падот на бруто домашниот производ (БДП) за 25 отсто, каки и сé поголемиот социјален јаз во земјата.

Меркел притоа рече дека новите реформски предлози на владата на радикалната левица во Атина мора да ги проценат министрите за финансии на земјите членки на европската унија, а не само Берлин. Порача, исто така, дека Германија сите свои партнери во Европа ги смета еднакви на себеси, иако нејзината земја е најголемата економијата во Европската унија, и оти сака добри односи со сите, вклучително и со Грција.

„Иако во Германија живеат 80 милиони луѓе и сме најголемата економија во Европската унија, оваа Европа е подигната на принципот дека секоја земја е еднакво важна, без оглед на бројноста на нејзиното население“, рече Меркел.

Ципрас изрази желба да бидат изградени нови односи со Германија и повика на прекинување на употребата на стереотипите за мрзливите Грци, и жртвите на „нацистичките“ Германци. Рече, покрај тоа, дека фотомонтажата на канцеларката Меркел на атински Акропол, опкружена со нацистички офицери, која се појави на насловната страница на германски Der Spiegel, „е изразено нечесна кон самата канцеларка и кон Германија“. Таа насловна страница ја осуди како „неправедна провокација“ и, прекорувајќи го својот министер за правосудство, додаде дека никој во Грција не размислува за заплена или продажба на германските имоти како надомест за воена отштета од Втората светска војна, какви што закани беа изречени минатата седмица.

„Ве молам, да ги оставиме тие сенки на минатото зад нас. Денешната демократска Германија нема ништо заедничко со Третиот рајх кој зема толку данок во крв“, рече Цирпас.

Кога станува збор за грчкиот долг, Ципрас минатата седмица ѝ пиша на Меркел дека за Атина во следните неколку седмици ќе биде невозможно да ги отплаќа ратите од долгот без дополнителна финансиска помош, обвинувајќи ја Европската централна банка (ЕСВ) за наметнување на ограничувањето за издавање на краткорочните обврзници за да ги реши своите проблеми во кусорочното финансирање. Челникот на ЕСВ, Марио Драги, рече дека е подготвен да ги прифати грчките државни обврзници како колатерал за позајмувањата на грчките банки веднаш штом ќе се создадат услови за успешно заклучување на ревизијата на „белут“ програмата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП